Споредба (стилистика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Споредба[1][2] или компарација[3][4] (англиски: simile) — стилско изразно средство со кое се изразува сличност меѓу две различни единки. Со компарацијата, за разлика од метафората, сличноста се искажува со зборот како или ко.
Споредба или компарација е многу чест троп. Наречена е и значенска равенка поради тоа што, како и во математиката, левата страна на изразот е еднаква со десната. Со споредбата се воспоставува еднаквост, односно висок степен на сличност меѓу двата изрази.
НА ПРИМЕР:
- 1. Кроток како јагне.
- 2. Вредна како мравка.
- 3. Слатки како мед.
- 4. Срце како камен.
- 5. Маминото лице е како златно сонце.
- 6. Тој јаде како птица.
- 1. Кроток како јагне.
Компарацијата во литературата може да биде кратка и директна или подолга и сложена. Хомеровата или епската компарација, која е каректеристична за епската поезија, најчесто е долга и по неколку стиха.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads