Паштунски јазик
јазик From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Паштунски јазик (насх: پښتو - МФА: [paʂ'to]), исто така познат и како авганистански,[3][4] е индоевропски јазик што се зборува во Авганистан и северозападен Пакистан[5]. Јазикот припаѓа во групата на индоирански јазици[6]. Пашту зборуваат околу 38 до 42 милиони луѓе во целиот свет[2]. Паштунскиот е службен и национален јазик на Авганистан.
Remove ads
Дијалекти
Како последица на лошиот терен на кој живеат Паштунците, јазикот има многу акценти или дијалекти на паштунскиот јазик. Двата главни дијалекти се мекиот или јужен дијалект и тврд или северен дијалект. Пактика е грубо кажано границата помеѓу двата дијалекти. Поглавни одлики или разлики помеѓу дијалекти е во изговорот на следните две букви:
Разликите помеѓу јужните дијалекти и северните дијалекти се претежно фонолошки и има едноставни разговорни правила. Морфолошките разлики помеѓу нив се многу мали и незначајни. Како и да е, централните дијалекти се лексиколошки поразлични и варираат од дијалект во дијалект. Јужниот дијалект од Кандахар е најконзервативниот дијалект во поглед на фонологијата. Паштунската азбука се заснова на јужниот дијалект. Одредени дијалекти покажуваат многу архаични особини.
Remove ads
Распространетост
Паштунскиот го зборуваат околу 27 милиони луѓе во западните покраини Северозападни предели, Белуџистан во Пакистан со околу 20 % од населението[7] и уште 11 милиони луѓе низ Авганистан, што ги прави околу 35% од населението на Авганистан[8]. Покрај Пакистан и Авганистан, значајно паштунско население има и во Иран.
службен стгатус
Паштунски е национален јазик на Авганистан и службен јазик во државата. Јазикот се користи од авганистанската администрација, образованието, телевизиите и религиозните институции.
Писмо
Паштуанска азбука
Буквите на паштунската азбука се:[9][10]
ا ب پ ت ټ ث ج ځ چ څ ح خ د ډ ذ ر ړ ز ژ ږ س ش ښ ص ض ط ظ ع غ ف ق ک ګ ل م ن ڼ ه و ى ئ ي ې ۍ
Букви карактеристични за паштунски
Следните букви се карактеристични само за паштунски јазик:
ټ، ځ، څ، ډ، ړ، ږ، ښ، ګ، ڼ، ې ،ۍ
Петте јаса на паштунскиот јазик
Следните се петте јаса:
ی، ي، ې، ۍ، ﺉ
Латинска паштунска азбука
Латинската паштуанска азбука е заснована на следните 41 графеми:
Aa ( َ ), Ââ (ا), Bb (ب), Cc (څ), Çç (چ), Dd (د), Ďď (ډ), DHdh (ذ), Ee (ې), Ëë (ہ), Ff (ف), Gg (ګ), Ģģ (غ), Hh (ه), Ii (ي), Jj (ژ), Kk (ک), Ķķ (خ), Ll (ل), Mm (م), Nn (ن), Ňň (ڼ), Oo (و), Pp (پ), Qq (ق), Rr (ر), Řř (ړ), Ss (س), Šš (ښ), Şş (ش), Tt (ت), Ťť (ټ), THth (ث), Uu ( ُ or و), Vv (ب or و), Ww (و), Xx (ځ), XHxh (ج), Yy (ى), Zz (ز), Žž (ږ)
Remove ads
Граматика
Паштунскиот е јазик што има реченици од типот П-П-Г (подмет-прирок-глагол). Придавките доаѓаат пред именките. За разлика од персиски јазик, именките на паштунски јазик имаат род (машки и женски) како и вообичаениот број на именки. Покрај ова, јазикот има и падежи и тие се: директив, облигатив I, облигатив II и вокатив. Глаголите ги разликуваат следните граматички времиња: сегашно време, субјунктив, минато време, минато продолжено време, сегашен перфект и минат перфект.
Remove ads
Фонологија
Самогласки
Покрај овие ги има и дифтонзите /ai/, /əi/, /ae/, /ɑw/, /aw/.
Согласки
/f/, /θ/, /ð/, /q/ се среќаваат само во странски зборови.
Remove ads
Зборовен фонд
Повеќето од зборовите во паштунскиот јазик се од самиот тој јазик. Зборовите што се преземале низ историјата најчесто се од арапско потекло, а додека во последно време се преземаат и од персиски јазик.
Примери
- Забелешка- Следната транслитерација го претставува јужниот дијалект.
Примери со зборот "tlël" (оди):
Команда:
- Wë šawanxi ta xa! (се изговара како 'dza')
- (ти) Оди на училиште!
Сегашно:
- (Zë) wë šawanxi ta xëm.
- Јас одам на училиште.
Сегашен Перфект:
- Wë šawanxi ta tlëlai yëm.
- Јас имам отидено на училиште.
Минато:
- Wë šawanxi ta wlâřëm.
- Јас бев на улилиште.
Минат Перфект:
- Wë šawanxi ta tlëlai wëm.
- Јас имав отидено на училиште.
Минато Продолжено:
- Wë šawanxi ta tlëm.
- Јас одев на училиште.
Субвјунктив:
- Cheh zë wë šawanxi ta tlëlai.
- Јас би сакал да одам на училиште.
Прашања:
- Cë nameže? или Stâ num cë dae? (Како се викаш?)
- Çereh или çerta xe? (Каде одиш?)
Remove ads
Надворешни врски
- Речник на паштунски.
- Извештај на Ethnologue за паштунски
- Слободен пштунски речник
- Паштунски софтвер за локализација и развој Архивирано на 22 ноември 2016 г.
- Етничка состојба на Авганистан Архивирано на 5 февруари 2012 г.
Паштунски фонтови
- Слободни фонтови:
- Слободен фонт за ASCI Архивирано на 25 февруари 2017 г.
- Слободен паштунски фонт (зип формат) Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Преземи слободен паштунски фонт
- Паштунски фонт
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads