Среднодолногермански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Среднодолногермански јазик (герм. Mittelniederdeutsche Sprache, изворно: Niederdeutsch) — јазик кој потекнувал од старосаксонскиот (т.е. стародолногерманскиот) и е предок на современиот долногермански јазик. Имал голема важност како службен јазик (лингва франка) на големиот стопански сојуз наречен „Ханза“. Се говорел од околу 1100 до 1600 г.

Remove ads
Сродни јазици
Соседни јазици на среднодолногерманскиот во дијалектен континуум на западногерманските јазици биле среднохоланскиот на запад и средногорногерманскиот на југ, кој потоа бил заменет со нововековниот горногермански.
Овој јазик е извор на голем број на заемки во нордиските јазици, што се должи на близките трговски врски помеѓу народите во Ханзата. Како таков, се смета за најголем извор на заемки во континенталните скандинавски јазици и естонскиот јазик.
Remove ads
Историја
Среднодолногерманскиот претставувал лингва франка на Ханзата, и се говорел во сите краишта околу Северното и Балтичкото Море. Извор на јазикот било наречјето во градот Либек. Со тек на време правописот почнал да се стандардизира, но јазикот ne доживеал кодификација.
Важноста на јазикот и неговото влијание се забележува и денес по многуте заемки навлезени во скандинавските, балтофинските и балтичките јазици, како и во стандардниот германски и англискиот јазик.
Во доцното средновековие среднодолногерманскиот го изгубил својот престиж за сметка на нововековниот горногермански. Ова елитно наречје најпрвин се јавило во писменото општење и книжевноста, а потоа и во самиот говор на високите класи. Причините за оваа промена е опаѓањето на моќта и влијанието на Ханзата, проследено од политичката несамостојност на северна Германија и културната предоминантност на средна и јужна Германија со доаѓањето на протестантската реформација и Лутеровата Библија.
Remove ads
Книжевност
- преводи на Библијата
- „Саксонско огледало“ (Sachsenspiegel) - законик
Поврзано
Предлошка:Германска фонологија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads