Средоземен сокол
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средоземниот сокол (Falco eleonorae) е сокол со средна големина. Научното име го добил според националната хероина од Сардинија, Елеонора од Арбореја.

Remove ads
Распространетост
Средоземниот сокол се сретнува на островите во Средоземјето особено во Грција (таму се наоѓаат 2 третини од светската популација), но исто така и на Канарските Острови, Ибица, Шпанија, Италија, Хрватска, Мароко и Алжир. Овој сокол го има и во Македонија.
Опис
Овој сокол е птица-грабливка долга од 36 до 42 см, со распон на крилјата од 87 до 104 см. Градбата му е слична со таа на соколот ластовичар или на сивиот сокол, со неговите долги остри крилја, долгата опашка и тенкото тело. Се сретнуваат во две бои: потемната варијанта е кафеаво, со црни пердуви под крилјата; посветлата варијанта е нешто слично на младите кај соколот ластовичар, само што средоземниот сокол има светложолт горен дел, при што се изразува контрастот помеѓу светложолтата и црната кај крилјата. Младите се слични со младите на соколот ластовичар само поголеми, и со потемни завршетоци и пердуви на крилјата. Цврцорењето на овој сокол е исто како и кај другите соколи и претставува едно кик-кик-кик.
Преселба
Оваа птица поминува големи растојанија при преселбата. Презимува на Мадагаскар и други делови од Африка.
Исхрана и размножување
Се храни со поголеми инсекти како водното коњче, со коешто се храни фаќајки го во лет. Средоземниот сокол се размножува на крајбрежни карпи, и снесува најмногу 4 јајца. Овој вид се размножува доцна на пролет, подоцна од другите соколи бидејќи е специјален ловец на птици преселнички коишто поминуваат низ Средоземјето во тоа време од годината. Средоземниот сокол нив ги лови во лет, употребувајќи ги неговата брзина и акробатско летање.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads