Станислав Лесновски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Станислав Лесновски (Штип, 14 век) – македонски книжевник од 14 век, најзначајниот претставник на Лесновскиот книжевен центар. Работел во првата половина на 14 век во Лесновскиот манастир и, според Илија Велев, од 1353 година во Марковиот манастир покрај Скопје.
Remove ads
Книжевна дејност
Со своите ученици го уредил и препишал Станиславовиот пролог (1330), кој содржи и Кратко житие на Гаврил Лесновски (се чува во Архивот на САНУ, Белград), Минеј (Оливеров минеј, 1342) со химнографска Служба на Гаврил Лесновски, за кој изработил и орнаментика. Му се припишува уште еден минеј, т.н. месечен (од декември до февруари), како и пролог за раздобјето од септември до ноември (се чува во Софија). При евакуацијата на ракописната збирка од 55 дела на железничката станица во Ниш во 1915 година биле изгубени Оливеровиот минеј и Месечниот минеј. Неговите ракопис се занимливи и значајни за истражување на јазични, книжевни, химнографски, калиграфски и орнаментолошки особини на Лесновскиот книжевен центар од тоа време.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads