Стара Црква (Извор)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во селото Извор во Општина Чашка. Претставува населба и некропола од римското време и средновековна црква.
Remove ads
Местоположба
Стара Црква се наоѓа на околу 800 метри источно од селото, на блага падина што се спушта кон реката.[1]
Ископувања и наоди
На површина на падината се гледаат камени плочи од гробни конструкции, фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во средишниот дел на локалитетот има остатоци од еднокорабна црква со вградени сполии од мермерна архитектонска пластика. Од овој локалитет потекнува и надгробен споменик кој се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads