Извор (Велешко)

село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Извор (Велешко)map
Remove ads

Извор — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница
Кратки факти

До 2004 година, селото претставувало административно средиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села.

Remove ads

Потекло и значење на името

Селото е специфично по изворот што се наоѓа во центарот на селото. Водата од него се користи за пиење и наводнување и таа е со константна температура од 12°С, без разлика на надворешните временски услови.

Изворот, кој е соѕидан во мало езеро на сретсело, го донело и името на селото.

Легенда

Легендата вели дека во време на турското ропство се наоѓала маслинка на местото каде што денес се наоѓа изворот. Но, еден ден дувнало силен ветер и маслинката била искорната од силниот ветер и од тоа место почнало да извира вода. Бегот на селото, кој имал куќа во близина на изворот наредил да се направи мал базен и во него да се собира водата. Но, тој уште кажал дека никој не смее да пие од таа вода и ако фати некој како пие, тој човек ќе биде погубен. Некои луѓе успеале да се напијат од водата и да се спасат, ама имало и луѓе кои биле убиени. Со населувањето на Македонци во близина на изворот дошло до протерување на големиот турски бег и неговата војска. Па така се населиле повеќе Македонци, кои со заеднички сили направиле поголем базен и од него можело да пие кој што сака. Тој базен и ден денес постои само е обновен.

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Станбена зграда во селото
Thumb
Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Низ селото поминувал некогашниот прометен пат Велес-Прилеп.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 25 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 1312, кој е асфалтиран само до некогашното село Јасеново, иако е означен за главен регионален пат помеѓу Велес и Прилеп во многу карти.

Извор се наоѓа покрај малата река Изворчица, десна притока на Бабуна, сместено на место каде долинската рамнина се допира со падините на возвишението Руен (866 м.). Поради својата местоположба, селото има погодни услови за земјоделство во рамнината и за сточарство на падините. Мештаните со вода за пиење се служат од изворот „Езеро“, од шесте селски чешми и од неколку бунари.[3]

Поединечни краеви на атарот вдолж неговата граница ги носат следните називи: Бумбачица, Влашко Трло, Врчви, Стара Црква, Селиште, Старо Село, Оџовица, Гола Глава, Средни Рид, Sиданица, Забел, Гумништа, Коритник, Бела Падина, Горна Река, Руен, Долги Рид, Соколчица, Дрвењак и Трсје.[3]

Селото има збиен тип. Постариот дел на селото се наоѓа во подножјето на возвишението Руен, додека поновиот дел се развил десно од Изворчица. Во средишниот дел на селото покрај задружниот дом, училиштето и поштата, биле подигнати и неколку занаетско-трговски работилници.[3]

Remove ads

Историја

Селото Извор спаѓа во особено старите села во областа на Бабуна. На неговиот атар се наоѓаат остатоци од различни историски и културни древни епохи, а самото село Извор е повеќепати споменувано во пишаните средновековни документи.[3]

Првите пишани податоци за селото Извор потекнуваат од 1476 година, кога тоа било дервенџиско село со 40 македонски христијански домаќинства, чиишто жители имале имале за должност да го чуваат собраќајот и патот Велес-Прилеп. Извор повторно се наведува во отоманските пописни дефтери од 1528 година со 73 и во 1544 година со 112 македонски христијански домаќинства.[3]

Извор се споменува и во патописите на Евлија Челебија од средината на XVII век, каде тој дал опис дека селото имало македонско население и броело стотина домови, било сместено крај поток под еден брег, а во него се отседнувало во конак кога се патувало помеѓу Прилеп и Велес.[3]

Источно од селото, на оддалеченост од околу еден километар, се наоѓа месноста Стара Црква. Мештаните кажуваат дека таму на површината се сретнуваат ѕидини од црква „Св. Илија“ и гробишта. На земјиштето биле наоѓани ќерамиди, камено корито и друго.[3]

Месноста Селиште се наоѓа 200 метри над денешното село во југозападна насока, додека месноста Старо Село се наоѓа покрај изворот Ѓериз, исто така југозападно од денешното село. Остатоци од населби има и на местата Грамаѓе и Лозишта.[3]

При ослободувањето на Турците, во селото имало само 20 македонски куќи.[3]

Стопанство

Thumb
Поглед на поранешниот рудник за талк

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 18,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 791 хектар, на шумите отпаѓаат 608 хектари, а на пасиштата 373 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти.[2]

Населението претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (раноградинарски), но покрај нив се застапени и житните култури. Исто така застапено е одгледување на лозје од кое се прави вино и ракија, но за домашно производство. Голем дел од населението се занимава со одгледување на тутун.

Во близина на селото постои и истоимениот рудник за талк.

Во минатото, плодната почва североисточно од селото припаѓала на велешките чифликсајбии Али-бег, Ќазим-бег, Мемет-бег и Расим-бег. Македонците работеле кај нив, а по 1912 година селаните ја откупиле земјата од беговите. Единствено земјата на Расим-бег (околу 800 хектари) била бесплатно поделена од државната власт на доселениците од селата Богомила, Нежилово и други.[3]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Извор живееле 407 жители, од кои 370 Македонци, 7 Турци и 30 Роми.[4]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Извор имало 488 жители, од кои 472 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 18 Роми.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]

Во 1961 година, селото Извор броело 872 жители, од кои 856 биле Македонци, 7 Турци и 4 Срби, додека во 1994 година преминало во средно село по големина со 506 жители, од кои 502 биле Македонци и четири жители Срби.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Извор живееле 480 жители, од кои 477 Македонци и 3 Срби.[7]

Селото бележи пад на бројот на население, така што преминало од голема во средна по големина населба. Денес, во селото живеат околу 450 жители кои се со македонска националност, но има и неколку Албанки кои се мажени за жители од селото.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 312 жители, од кои 281 Македонец, 2 Албанци, 1 Србин и 28 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Извор е македонско православно село, чие население се дели на староседелци и доселеници.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1965 година, родови во селото се:

  • Староседелски родови: Арсевци (7 к.) за нив се слуша и родовскиот прекар Дебрановци бидејќи некој нивен предок „утепал човек Дебранин“ (Албанец) , Петревци (6 к.), Тошевци (3 к.), Чораповци (2 к.), Масини (1 к.), Мирчевци (6 к.), Мишевци (2 к.) и Гунгуловци (4 к.).
  • Доселенички родови: Маџаровци (4 к.), се доселиле од некое село во Тиквеш; Кузмановци (3 к.), се доселиле од Крнино; Катинци (6 к.), се доселиле од селото Крива Круша каде што им се роднини родот Шоповци; Шоповци (3 к.), доселени се од некаде; Говедаровци (3 к.), се доселиле од некое место, а родовскиот прекар го добиле по тоа што двајца браќа од овој род, Стојан и Мане, биле селски говедари; Шавалевци (6 к.), се доселиле од Ораов Дол околу 1850 година кога дошол предокот Петре како домазет во родот Леовци (овој род изумрел); Митревци (10 к.), потекнуваат од раселеното село Припор од каде најпрвин се преселиле на чифлиг во Јасеново, кое откако било запалено од комитите околу 1900 година тројца браќа од родот се иселиле во Крајници (Мирчевци), Владиловци (Леовци) и Извор од кого потекнува денешниот род; Мудуровци (4 к.), се доселиле од Бистрица во 1908 година; Ајдаровци (4 к.), се доселиле на повик на Расим-бег од прилепското село Мало Коњари; Каревци (7 к.), се доселиле од Поменово во 1911 година и Августовци (1 к.), се доселиле од Бистрица.

Помеѓу двете светски војни во периодот меѓу 1920-тите и 1930-тите во Извор се доселиле бројни македонски родови од околните велешки села во Азот според кои добиле и родовски прекари како Капиновци (5 к.), Бистричани (4 к.), Нежиловци (4 к.), Богомилци (3 к.), Оморанци (3 к.), Габровчани (1 к.), Мокренчани (3 к.), Војничани (1 к.), Мартолчани (1 к.), Секирчани (1 к.) од Прилепско, а по Втората светска војна се доселиле уште дваесетина македонски родови од овие села како и од други велешки во областа Клепа како Попадија, Подлес и Никодин.

Иселеништво

До времето на истражувањето на Јован Трифуноски (1960-тите години) од селото немало значително иселување. Само некои жители заминале во градовите Велес (околу 10 к.) и Скопје (околу 10 к.). Единствено се знае за родот Изворковци (4 к.), кои се иселиле во селото Лисиче кај Тополка.[3]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Извор.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Извор.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Извор, во која покрај селото Извор, се наоѓале и селата Владиловци, Долно Врановци, Крњино, Мартолци, Поменово, Попадија, Смилевиќ, Стари Град и Степанци. Во периодот 1950-1952 година, селото Извор било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Долно Врановци, Извор, Мартолци, Поменово, Стари Град и Степанци.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 2243 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 326 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 310 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 317 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[18]
  • Грамаѓе — населба од доцноантичко време;
  • Ѕунивер — населба неолитско време;
  • Оџовица — населба од римското време; и
  • Стара Црква — населба и некропола од римското време и средновековна црква.
Цркви[19]
Манастири
Споменици
  • Споменик на НОБ во селото
Реки[20]
  • Изворчица — помала река низ селото, притока на Бабуна
Remove ads

Редовни настани

Слави[3]

Личности

Родени во или по потекло од Извор

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads