Стара џамија (Ростуше)

џамија во селото Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia

Стара џамија (Ростуше)map
Remove ads

Стара џамијаџамија во долнореканското село Ростуше.[1] Џамијата се наоѓа на влезот од селото, на левата страна од патот.

Кратки факти Стара џамија, Место ...
Remove ads

Историја

Џамијата веројатно била изградена во XVII век, но историски претрпела неколку градежни зафати, така што нејзиниот првобитен изглед е изменет. Минарето на џамијата било изградено во поново време.[2]

Архитектура

Thumb
Архитектурниот стил на џамијата

Градбата на џамијата има квадратна основа и пирамидален кров. Таа била изградена од дрво, што е најмногу забележиелно од нејзината предна страна, и камен, што се забележува на дел од страничните ѕидови и задната страна. Ѕидовите на џамијата се одликуваат со повеќе прозорци, кои на предната страна се во еден ред, додека на страничните ѕидови во два реда. Во делот од јужниот ѕид каде што завршува дрвената градба и продолжува онаа од камен се забележува разлика во големината и распоредот на прозорците. Минарето на џамијата е изградено од бигор. Дворот на џамијата е ограден со камена ограда, а во него се сместени муслиманските гробишта.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads