Ростуше
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ростуше или Ростуша — село и административно седиште на Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото Ростуше првпат се споменува како Радостоуше во 1426 година. Низ годините самото име претрпувало измени. Постојат повеќе мислења за тоа како е настанато самото име:[2]
- Придавно образување од личното име Радост или Радостух
- Од самото Радостоуше што може да значи „место на тешко достапно брдо“ или „тешко достапно место“
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, непосредно од десната страна на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[3] Селото е ридско-планинско, сместено на надморска височина од 720 метри.[3]
Селото е сместено на пониска тераса, на десната страна на реката Радика.[4] Оддалечено е 19 километри североисточно од Дебар и 52 километри југоисточно од Гостивар.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Чука, Пардији, Рамна Ливада, Добје, Газ, Вирови, Меденица, Дупен Камен, Требишка Рупа, Стара Фурна, Каштел, Драга, Уталник, Чука, Речиште, Лок, Анешница, Поље, Ливадишта, Црвеница, Подкладник, Гранцов Лаз, Катуништа, Велоица, Кушелица, Денкова Ливада, Олец и Гумништа.[4]
Во селото постојат изворите: Рамова Чесма, Изворница, Крајишта, Бигорец и Двораник.[4]
Селото има збиен тип и се дели на краеви. Оддалеку може да изгледа дека е споено со соседното Велебрдо.[4]
Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир.
Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.[5]
Remove ads
Историја
По предание за селото се верува дека некогаш на неговото место се наоѓал манастир „Св. Богородица“. Откако манастирот замрел и бил пренесен во Бигорскиот, црквата била претворена во џамија. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ била возобновена повторно како црква во 1912 година.[4]
Во XIX век, Ростуше било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]
Стопанство
Селото зафаќа простор од 15,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.109 хектари, пасиштата заземаат 261 хектар, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 63 хектари.[3]
Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[3]
Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ростуше било село со 200 домаќинства и 401 жител.[7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ростуше живееле 870 жители, сите Македонци, од кои 610 муслимани и 260 христијани.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ростуше имало 272 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ростуше се води како македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 174 куќи.[10]
Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 година во Ростуше имало 39 македонски егзархиски и 190 муслимански куќи.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци.[12]
Селото е големо со пораст на населението. Во 1961 година, селото броело 825 жители, од кои 400 биле Македонци, 391 Турчин и 14 жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 919 жители, од кои 509 биле Турци, 293 Македонци, 25 Албанци и 92 останати.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Ростуше живееле 872 жители, од кои:[13]
* Жителите кои се изјасниле како Албанци и Турци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 708 жители, од кои 197 Македонци, 22 Албанци, 323 Турци, 1 Ром, 1 Србин, 129 останати и 35 лица без податоци.[14]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ростуше:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Во Ростуше отсекогаш живееле Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Ростуше живееле следните македонски муслимански и христијански родови: Лајсовци (13 к.), Томовци (9 к.), Рамовци (16 к.), Дулевци, Амзовци (15 к.), Кадриовци, Асанковци (8 к.), Мицановци (10 к.), Мицовци, Симоновци, Младеновци, Синановци (30 к.), Исмаиловци, Адиловци, Беќировци, Румундовци (10 к.), Арифовци, Лилевци (10 к.), Селмановци, Оручовци, Аловци (30 к.), Оџевци и Асановци.[4]
Remove ads
Општествени установи
Како развиено село и седиште на општина, Ростуше поседува бројни општествени установи:
- Општинска зграда на Маврово и Ростуше
- Основно училиште „Хајан Селмани“ (во 2019 г. именувано како ОУ „Ѓорѓија Пулевски“) до IX одделение
- Средно училиште „Маврово-Ростуше“
- Пошта (1254)
- Здравствен дом
Општествени установи во селото
- Средното училиште
- Основното училиште
- Поглед на поштата
- Здравствениот дом
- Општинската зграда
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото било седиште на поранешната истоимена општина, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на Општина Ростуше, во која покрај Ростуше се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Ростуше, во која влегувале селата Битуше, Велебрдо и Ростуше.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0469 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Болетин и Сушица.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 854 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Дубје — средновековна некропола;
- Св. Јован Бигорски — средновековна црква; и
- Св. Богородица — средновековна црква и некропола.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главната манастирска црква на Бигорскиот Манастир;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква од XIX век;[19] и
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — црква од XIX век.[20]
- Манастири
- Бигорски манастир — средновековен манастир во близина на селото
- Џамии[18]
- Стара џамија — стара џамија во селото
- Нова џамија — нова џамија во селото
- Споменици на културата
Во селото Ростуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласени се три објекти како споменици на културата и со тоа за културно наследство на Македонија:
- Бигорски манастир — средновековен манастир во близина на селото
- Стара болница — стариот здравствен дом во селото
- Куќа - сопственици Василко и Трајан Круковски — стара куќа во селото
- Спомен-плочи
- Спомен-плоча за загинатите во НОБ
- Реки[21]
- Ростушка Река — река покрај селото
- Водопади
- Дуфски Водопад — водопад близу селото
Културни и природни знаменитости во селото
- Бигорски манастир
- Црквата „Успение на Пресвета Богородица“
- Дуфски Водопад
- Езеро Локув
- Новата џамија
- Старата џамија
- Ростушка Река
- Старата болница
Remove ads
Личности
- Родени во Ростуше
- Нијази Лиманоски (1941-1997) — етнолог, универзитетски професор, директор, главен и одговорен уредник и новинар на радиостаницата во Дебар
- Тасим Сулејманоски (р. 1959) — македонски политичар
- Адем Сулејманоски (р. 1961) — македонски сликар и мозаичар
Иселеништво
Дел од населението е на привремено работа во странство, најмногу во Италија.[22]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads