Старбак (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Старбак (англиски и кирибатски: Starbuck) или познат како Волонтерски Остров, е ненаселен корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Низ историјата атолот бил познат како Барен, Корал Квин, Хироу, Лоу Ајленд и Старв.


Географија
Димензиите на островот се 8.9 со 3.5 километри и има вкупна површина од 1,620 хектари.[1] Старбак е низок, сув, корален остров со стрмни плажи. Низ островот има неколку солени мали лагуни, повеќето на источниот дел од атолот. Понекогаш овие лагуни се сушат и теренот може да е доста опасен.[2] На островот нема извор на свежа вода. Просечните годишни врнежи на атолот се 800 милиметри.[1]
Историја
Островот бил забележан во 1823 година од Валентајн Старбак, британски командир на китоловски брод од САД.[3] Низ историјата островот бил и под американска и британска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата океанска држава. На островот се ископувало гвано (птичјо ѓубриво).
Галерија
- Карта на Старбак.
- Рушевини од поранешна населба за ископување гвано.
- Птици на островот.
- Внатрешноста на островот.
- Растенија на островот.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads