Сташ Скубе

словенечки ракометар From Wikipedia, the free encyclopedia

Сташ Скубе
Remove ads

Сташ Скубе (словенечки: Staš Skube), (роден во Ново Место, на 15 ноември 1989 ) — словенечки ракометар.

Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...

Сташ е деснорак ракометар кој игра на позицијата на централен бек, организатор на играта, за ракометниот клуб Вардар и словенечката репрезентација.

Remove ads

Игра и кариера

Клуб

2006-2013 Тримо Требње

Во 2006-2008 година почнал да игра во екипата на РК Тримо Требње од Требње. Во сезоната 2008-2009, ги постигнал првите два гола на меѓународен натпревар кога постигнал два гола во Купот на победниците на куповите на 18 октомври против Живинице.[1] Во сезоната 2009-2010, играле во Купот на ЕХФ и постигнал 12 гола на три натпревари.[2] Особено се покажал на 13 февруари на мечот против шпанскиот Арагон кога постигнал девет гола во победата на неговиот тим од 35 на 26.[3]

2013-2016 Горење Велење

Во 2013 година Скубе се преселил во Велење во РК Горење Велење и таму останал три сезони. Сите три последователни сезони биле пласирани на второ место на Словенечкото првенство и секогаш ги победувал РК Цеље од Цеље. Во сезоната 2013-2014 за првпат играл во Лигата на шампионите и постигнал 12 гола на 12 натпревари.[4] Во сезоната 2014-2015, РК Горење Велење играл во Купот на ЕХФ, а Сташ постигнал 81 гол во дванаесетте средби.[5] На 28 февруари, во мечот на домашен терен против швајцарскиот Винтертур, Скубе го постигнал својот рекорд на постигнати голови на меѓународни натпревари, 12 гола во победата од 35-26.[6]

2016-2018 Пик Сегед

Во 2016 година, неговиот договор со РК Горење Велење истекол и тој се преселил во странство, во Унгарија, во Пик Сегед.[7] Таму, меѓу другите играчи, го имал својот соиграч од Горење, Словенецот Марио Шоштарич. Во сезоната 2016-2017, повторно играл во Лигата на шампионите.

2018-2019 РK Вардар

Во 2018 година од Пик Сегед Скубе се префрлил во македонскиoт првак РК Вардар, со кого во 2019 година ја освоил Лигата на шампионите во Келн.

Репрезентација

Со репрезентацијата на Словенија го освоил бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.[8]

Remove ads

Семејство

Неговиот постар брат Себастијан Скубе е исто така успешен ракометар.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads