15 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 15 ноември — 319-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (320-и во престапна година). Остануваат 46 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1492 | Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје. |
| 1577 | Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. |
| 1920 | Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена. |
| 1944 | Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. |
| 1988 | Палестина е прогласена за независна држава. |
| 1994 | Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители. |
| 1995 | Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир. |
| 2001 | Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор. |
| 2002 | Заврши пописот на населението. |
| 2003 | Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија. |
| 2004 | Премиерот Хари Костов поднесе оставка. |
| 2012 | Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. |
| 2022 | Според проценката на ООН, светското население достигнало 8 милијарди. |
Родени:
| 1316 | Јован I — крал на Франција. |
| 1397 | Никола V — римски папа. |
| 1738 | Вилијам Хершел — англиски астроном. |
| 1741 | Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф. |
| 1862 | Герхарт Хауптман — германски драматург. |
| 1891 | Ервин Ромел — позна и како „Пустинска лисица“, германски фелд-маршал (п. 1944.) |
| 1895 | Олга Николаевна — ќерка на царот Николај II. |
| 1912 | Кирил Пенушлиски — македонски фолклорист. |
| 1918 | Адолфо Педернера — аргентински фудбалер. |
| 1922 | Џорџо Манганели — италијански писател. |
| 1927 | Џемаил Вејсели — македонски политичар. |
| 1937 | Јафет Кото — американски глумец. |
| 1954 | Александар Квашневски — претседател на Полска. |
| 1954 | Тони Томпсон — американски поп-музичар. |
| 1955 | Илдико Ењеди — унгарска режисерка. |
| 1956 | Златко Крањчар — југословенски и хрватски фудбалер и тренер. |
| 1958 | Јасмин Џеко — југословенски и босански фудбалер. |
| 1968 | Ол Дрти Бастард — американски рапер и музички продуцент. |
| 1979 | Брет Ланкастер — австралиски велосипедист. |
| 1983 | Александар Павловиќ — српски кошаркар. |
| 1983 | Фернандо Вердаско — шпански тенисер. |
| 1983 | Иманол Ервити — шпански велосипедист. |
| 1984 | Катарина Булатовиќ — црногорска ракометарка. |
| 1987 | Леополд Кениг — холандски велосипедист. |
| 1989 | Сташ Скубе — словенечки ракометар. |
| 1993 | Пауло Дибала — аргентински фудбалер. |
| 1994 | Екатерина Александрова — руска тенисерка. |
Починале:
| 1028 | Константин VIII — византиски цар. |
| 1280 | Свети Алберт Велики — доминикански епископ. |
| 1630 | Јохан Кеплер — германски астроном — математичар и физичар. |
| 1670 | Јан Амос Коменски — чешки образовен и верски водач. |
| 1787 | Кристоф Вилибалд Глук — германски композитор и диригент. |
| 1802 | Џорџ Ромни — англиски сликар-портретист. |
| 1808 | Мустафа IV — отомански султан. |
| 1832 | Жан Батист Сеј — француски економист. |
| 1916 | Хенрик Шенкевич — полски писател и новинар, добитник на Нобеловата награда. |
| 1976 | Жан Габен — француски филмски и театарски глумец. |
| 1983 | Таки Хрисик — македонски композитор и музички педагог. |
| 1993 | Лучано Леџо — сицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо. |
| 2009 | Павле — српски патријарх. |
| 2012 | Владимир Ангеловски — македонски глумец. |
| 2020 | Иван Кожариќ — хрватски вајар. |
| 2023 | Жарко Лаушевиќ — југословенски и српски глумец. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads