Степски орел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Степски орел[3] (латински: Aquila nipalensis) — орел со средна големина од семејството јастреби (латински: Accipitridae) кој се размножува во јужните степски региони на Русија, Африка, Средна Азија, Арабија, Индија, Монголија и Кина. Женката снесува до три јајца, на кои заедно со мажјакот лежат 40-50 дена.
Remove ads
Опис
Степскиот орел е орел со средна големина со распон на крилата од 165 до 190 см, може да порасне 62-74 см. Тежи 1,5-3,5 кг. Може да живее 50-60 години. Се движи помалку од другите орли. Се храни со мали цицачи до големина на зајак, особено со глодачи, поради што се преселува во области каде што ги има повеќе. Исто така, фаќа птици и инсекти, како и трупови. Понекогаш краде храна фатена од други ѕверови. Делумно е птица преселница.
Се наоѓа на знамето на Казахстан.
Remove ads
Распространетост

Се размножува на територијата што се протега од Романија на запад, преку јужна Русија и степите на Средна Азија, до Монголија на исток. Снесува 1-3 јајца во гнездото што го прави на дрво. Европските и централноазиските популации презимуваат во Африка, а источните популации во Индија.
Може да се види и во југоисточен Пакистан, особено во Карачи. За време на преселбата, во Непал може да се забележат голем број птици. Во текот на октомври и ноември до 15,3 птици на час.[4]
Remove ads
Живеалиште
Населува суви живеалишта, како што се пустини, полупустини, степи и савани. Се храни претежно со свежи мрши од сите видови, но повремено лови жив плен, мали цицачи како глодачи и зајаци и мали птици не поголеми од еребици. Исто така, храна може да обезбеди со крадење од други грабливци.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads