Зајак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Зајак - животно од редот глодачи.

Видови зајаци

Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во семејството зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Половата зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Remove ads

Зајакот во литературата и во популарната култура

Зајакот како тема во книжевноста

  • „Белиот зајак“ – турска народна приказна.[1]
  • „Сопственикот на полето и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[2]
  • „Леопардот и зајакот“ – приказна на африканското племе Кикуију.[3]
  • „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[4]
  • „Како зајакот го убил нилскиот коњ“ – приказна на африканското племе Акамба.[5]
  • „Зајакот и мангустата“ – приказна на африканското племе Свахили.[6]
  • „Зајачка одмазда“ — басна на Ристо Давчевски.[7]
  • „зајаците и жабите“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[8]
  • „зајаците и лисиците“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
  • „Лавот и зајакот“ - басна на Езоп.[10]
  • „зајаците и жабите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[11]
  • „Зајакот и желката“ - басна на Емброуз Бирс.[12]
  • „Чудно чудо“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[13]
  • „Зајко Бешко мрзливец“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.[14]
  • „Зајко, зајко од дупката!“ (српски: Зека, зека из јендека!) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[15]
  • „Ти си само плашлив зајак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[16]
  • Зајче безопавче“ - збирка песни за деца на македонскиот писател Васил Куноски.[17]
  • „Зајаче“ — песна на Васил Куноски.[18]
  • „Зајакот и желката“ — басна на Лафонтен.[19]
  • „Нединото зајаче“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[20]
  • „Зајко ловец“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[21]
  • „Современо зајаче“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[22]
  • „Чудни се луѓето“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[23]

Зајакот како тема во музиката

  • „Зајко кокорајко“ — македонска народна песна.[24]
  • „Јас сум зајак“ (англиски: I Am A Rabbit) — песна на американската рок-група Лемонхедс (Lemonheads) од 1989 година.[25]
  • „Умирањето на зајаците“ (англиски: Rabbits Dying) — песна на американската рок-група Throwing Muses од 1986 година.[26]
  • „Бел зајак“ (англиски: White Rabbit) — песна на американската рок-група Jefferson Airplane од 1967 година.[27]

Зајакот како тема во филмот

Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads