Стерјо Стерјовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стерјо Стерјовски познат како Стерио или Стерко[1] ( 1876 , Смрдеш, Костурско - 1905 , Преспанско) — македонски револуционер, костурски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[2][3]
Remove ads
Животопис
Стерјовски е роден во влашко семејство[4] во 1876 година во костурското село Смрдеш, Егејска Македонија. Завршил трет клас и во 1902 година станал четник во Македонија.
За време на Илинденското востание бил реонски војвода во Костурскиот крај. На 31 март заедно со својата чета и четата на Васил Чекаларов учествувал во битка против османлиска војска, на врвот Локвата, во која Стерјовски бил тешко ранет. На 29 август 1903 година исто така со Чекаларов, дале голем отпор кај костурското село Апоскеп.[5] Стерјовски загинал во битка со андарти во Преспаско во мај 1905 година.[6] Во истата битка учествувале и Христо Цветков, Никола Кузинчев, Пандо Кљашев, Атанас Кршаков и Митре Влаот.
- Четите на Атанас Кршаков и Митре Влаот. Стерјовски е првиот седнат од лево на десно
- Стерјо Стерјовски
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads