Смрдеш
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Смрдеш (грчки: Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги; до 1927 г. Σμαρδέσι, Смардеси[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 111 жители (2021).

Remove ads
Географија и местоположба
Селото Смрдеш се наоѓа 51 км југозападно од Лерин и 38 км северозападно од Костур, во подножјето на планината Орлово во состав Корбец, во областа Корешта. Лежи на надморска височина од 1.130 м. Три километри од селото се наоѓа границата со Албанија и граничниот премин Смрдеш-Капештица. Селото е смстено на каменливиот и гол терен на Смрдешкиот Проод
Историја
Османлиско време
Селото важи за многу старо. Според преданијата, населението на Смрдеш е доселено од Девол (денес во Албанија), за да го избегнат малтретирањето од исламизираните Албанци и да ја зачуваат верата.[3] Селото изворно се наоѓало во месноста Селиштето, но подоцна е изградено на друго место поради епидемија на чума. Се смета дека местото го добило името по минералниот извор Смрдлива Вода.[3] Смрдеш првпат се споменува во документите од 1530 г. како Исмирдеш со 53 домаќинства[4]
Кон крајот на XIX век Смрдеш било прилично големо македонско село со незначителено малку гркомани кои ја воделе месната црква. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смрдеш (Smrdesh) било село во Костурската каза со 460 домаќинства и вкупно 1.300 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смрдеш имал 1.780 жители Македонци.[5][7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смрдеш се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 295 куќи.[8]
Во селото работеле две странски пропаганди — грчката и бугарската. Според грчки податоци (поради тоа, сомнителни) во селото имало 190 семејства под врховенството на Цариградската патријаршија и 180 семејства под Бугарската егзархија. Бугарската пропаганда стекнала апсолутна превласт, така што во 1903 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија, како и останатите костурски села. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.360 жители, сите под егзархијата.[9]
Илинденски период

Почнувајќи од 1900 г. жителите на селото, заедно со оние на Д’мбени, играле водечка улога во борбите на Македонската револуционерна организација. На 8 кон 9 мај 1903 г. на селото е извршен ѕверски напад од турската војска поради тоа што во него населението ја криеле четата на Борис Сарафов. Во нападот се убиени 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца), запалени се 300 куќи, 2 училишта и 19 дуќани. Притоа ранети се уште 50 луѓе и 35 жени се силувани. Без покрив останале 1.500 жители. Истата година селската учителка Викторија Михајлова од Прилеп го извезла знамето на Косинската чета[10]. За време на Илинденското востание, селото е повторно ограбено, многу жители се погубени, а на други им се исечени ушите.[11]
Во 1903 г. во куќата на Иљо Истанин, револуционерот Лаки Поповски направил бомболеарница и склад, која по опожарувањето на селото ја преместил во Д’мбени[12].
Првиот бран на иселување на населението во САД, Канада и Австралија се случил по 1903 г.[3] поради големото обездомување и страшните насилства врз населението. Во 1906 г. во Медисон, Илиноис доселнениците од Смрдеш основале добротворно и просветно друштво, наречено „Пандо Кљашев“[13].
На почетокот на април 1908 г. властите извршиле рација на селото, вршејќи насилства и мачења.[14] Според Георги Трајчев, во 1911/1912 г. во Смрдеш имало 209 куќи со 989 жители и работело училиште со 3 учители.[15] Според Георги Константинов Бистрицки, пред Првата балканска војна Смдреш имал 350 куќи, сите македонски.[5][16]
За време на Првата балканска војна, доста жители се регрутирани за борба на бугарска страна.[17]
Припојување кон Грција

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.488 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Смрдеш како село со 240 македонски куќи.[3] По Првата светска војна доста жители на Смрдеш се иселиле во Бугарија и во градот Лерин. Така, во 1920 г. населението се свело на 780 жители.[3]
Во 1927 г. грчката власт го преименувала селото во Кристалопиги, а во 1928 г. повторно се намалило, овојпат на 598 жители.[3]
Remove ads
Втора светска и Граѓанска војна
Населението на Смрдеш зело масовно учество во антифашистичките борби од 1940 до 1949 г.[3] Селото дало значајни жртви во Втората светска војна, за подоцна, за време на Граѓанска војна во 1949 г. да биде срамнето со земја[3] од грчката монархистичка власт. Поради ова, сите жители се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји, па така во 1951 г. е заведено како напуштено.[3] Преселници имало и во Лерин и Костур.[3]
Подоцна, грчките власти тука населиле номадски влашки семејства од Теспротија и околината на Превеза, кои се населиле и во соседните напуштени македонски села како В’мбел, Косинец и Д’мбени. Така, во 1993 г. селото е заведено како чисто влашко.[18]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Смрдеш, каде е единственото населено место.
Цркви
Во селото има четири цркви:
- „Свети Бессребреници“ (мошне стара)
- „Свети Димитрија“ (1870)
- „Св. Ѓорѓи“ (1890)
- „Успение на Пресвета Богородица“ (1970)
Стопанство
Личности
- Васил Чакаларов (1874-1913) — војвода на МРО
- Стерјо Стерјовски (1876-1905) — војвода на МРО
- Пандо Кљашев (1882-1907) — војвода на МРО
- Гаврил Константинович, роден Гаврил Костадинов Тасев (1881-1918) — македонски лекар, национален деец и учесник во Октомвриската револуција
- Лазо Ковачевски — првоборец
- Атанас Коровешов (1918-1945) — комунистички деец, ракводител на НОФ
- Ламбро Чолаков (? - 13. 1. 2001) — македонски национален деец, член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија и секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско и Преспанско.
- Филип Трпов Караџа — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Јанула Ралева (1927-?) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.
Војводи од Смрдеш
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads