Стефани Мајер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стефани Мајер
Remove ads

Стефани Мајер (англиски: Stephenie Meyer) (моминско презиме Морган, родена на 24 декември 1973 ) е американска писателка, позната по романтично фантастичниот серијал романи Самрак, кој е познат помеѓу младата публика. Романите Самрак се продадени со над 40 милиони копии ширум светот,[1] со превод на 37 различни јазици.[2][3] Филмската адаптација на Самрак излезе на 21 ноември 2008. Мајер е исто така автор на фантастичниот роман за возрасни, Домаќинот.

Кратки факти Стефани Мајер Stephenie Meyer, Роден/а ...

Мајер е прогласена за најпордаваната писателка за 2008, со продадени 22 милиони книги во една година,[4] со Самрак прогласена за најпродавана книга на годината.[5]

Remove ads

Приватен живот

Стефани Мајер е родена во Хартфорд, Конектикат, како ќерка на Стивен и Кенди Морган. Таа пораснала во Финикс, Аризона, со три браќа и две сестри: Сет, Емили, Џејкоб, Пол и Хајди. Таа го посетувала средното училиште Чапарал во Скотсдејл, Аризона, и универзитетот Бригам во Прово, Ута, каде што добила Писателско Признание за Англиски во 1995.[6] Мејер, член на Црквата на Исус Христос на Подоцните Светци, го запознала својот сопруг Кристијан, со прекар „Панчо“, кога растела во Аризона, и се венчала со него во 1994. Тие заедно имаат три сина: Гејб, Сет и Илај.

Remove ads

Самрак

Мајер вели дека идејата за Самрак и дошла во сон на 2 јуни 2003. Сонот бил за смртна девојка и вампир кој бил вљубен во неа, но исто така и жеден за нејзината крв. Засновано на овој сон, Мејер напишала транскрипт што сега се наоѓа во книгата како 13 Поглавје. Покрај тоа што немала многу големо искуство во пишување, таа успева за време од три месеци да го претвори тој визионерски сон во целосен роман. Откако го напишала и уредила романот, таа потпишала договор за три книги со „Little, Brown and Company“ за 750,000 долари. Книгата беше објавена во 2005.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads