Стефан Влахов Мицов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стефан Влахов Мицов
Remove ads

Стефан Влахов Мицовмакедонски универзитетски професор и писател од Бугарија.[1] Роден е на 6 февруари 1956 година во Габрово, Бугарија. Тој вели дека неговата мајка е од македонско, a мајката на неговиот татко е од куманско потекло.[2][3] Семејното воспитување, но и фактот дека е од мешан брак го натерало да посака да ги осознае деталите во врска со својот идентитет и затоа себеси се смета за особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот.[3]

Кратки факти Роден, Народност ...
Remove ads

Образование

Во родното место учи математичка гимназија, а на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ специјализира историја (со потесна специјалност балканистика), филозофија и реторика, кои ги завршува со одличен успех.

Во текот на стдиите вели[2] дека и покрај ласкавите признанија кои ги добивал (бил заменик-претседател на Клубот за техничко и научно творештво во факултетот, претседател на научниот кружок по историја на Бугарија, во кој учествувал и сегашниот претседател Георги Прванов) историјата започнувла да го ограничува поради догматизмот и манипулативноста на поднесената фактологија. Смета дека, многу често, токму уметничката литература и писателите даваат поверна слика на минатото.[2] Со оглед на, како што самиот вели, „скудоумната атмосфера во Историскиот факултет“ решил да го продолжи школувањето по поединечна програма.[1][2] Неговиот професор Николај Генчев (декан на Историскиот факултет во периодот 1976 - 1981), знаел да каже „Ти си безобразно информиран“.[2] Бугарска интерпретација на историјата која ја изучувал во текот на студиите ја смета за „сува статика потчинета на класно – партиски и националистички, односно идеолошки постулати“.[2]

Во 1981 година, како докторант по социологија на политиката, ја одбира темата „Врските и претставувањата на Бугарите во светот (до Преродбата)”. Проширувањето на сознанија во теткот на изработката на докторатот го доведува во судир со политиката на средината во која живее.[4]

Од 1984 година е предавач на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Доктор е на филозофските науки.

Во 1988 година оди на специјализација во тогашен Ленинград.[1]

Remove ads

Последната деценија на минатиот век

Во последната деценија на минатиот век се обидува, како што самиот вели, да ја исполни со соджина некогашната квалификација „безобразно информиран“.[5] Затоа во тој период ги пишува трудовите „Кој го уби Христо Ботев” и „Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите”.[5]

Во есента 1998 година поканет е да учествува со свое предавање на 50-годишниот јубилеј на Институтот за национална историја во Скопје. Поканата ја прима со задоволство.[5] Планираното предавање е на тема Прблемите на балканската историографија и политиката спрема Македонија.[5] Неговото патување до Скопје не поминува без проблеми. На бугарската граница кај Ѓушево бил задржан на испитување околу два часа од 4-5 цивилни лица.[5] На негово инсистирање, настанот во Македонија поминал без да бидат информирани медиумите со оглед на тоа што тоа било период помеѓу два крува во парламентарните избори кои се одржуваа таа есен.[5]

Remove ads

Публикации

Thumb

Има објавено книги во различни области: литературна критика, филозофија на историјата, социјална психологија, политикологија. Неговите дела се објавувани на македонски, германски, руски, полски, фински, турски, арапски и италијански јазик.[1]

Има над 1200 објавени статии во печатени и електронски медиуми, а има објавено и девет книги.[1]

Во Македонија објавени се неговите книги:

  • Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет[6] и
  • Неомеѓени мисли [7]

Книгата Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет не е објавена во Бугарија. Тој смета дека „Може да се најде начин да се објави, ама ќе има проблеми. Всушност, проблеми е мек збор. Таа ќе биде буквално уништена.“[3]

Во 2006 година има учествувано на Меѓународиот семинар за македонски јазик, литература и култура со научен труд на тема Историски интерпретации и манипулации врз творештвото на Вапцаров[8].

Во публикацијата на МАНУ издадена по повод стогодишнината од Илинденското востание тој има свој труд под наслов Илинденската епопеja и филозофскиoт клуч за македонскиот идентитет.[9]

Активности

  • Од 1990 до 1998 година е заменик-претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија,[10]
  • До 2007 година бил директор на Македонскиот културен центар во Софија
  • Од 1998 година е негов претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија.[10]
  • Секретар е на Друштвото за бугарско-македонско пријателство.
  • Од 2007 година држи редовни предавања на универзитетот ФОН за животот и делото на Крсте Петков Мисирков.
  • Во 2007 година прогласен е за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Remove ads

Дел од објавените книги

  • Кој го уби Христо Ботев? [11]
  • Неомеѓени мисли,[7]
  • Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет[6]
  • Дваесеттиот век претстои,
  • Илузиите на човечкиот род,
  • Отфрлени страници - Без цензура[12]

Останато

Неговото име е содржано во следниве публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија, Кој е кој на Балканот. Исто така, тој е вклучен во монографијата за водечки личности во 2000 година која ја објавува Американскиот биографски институт[13] и во монографијата 2000 исклучителни личности за 2000 година која ја објавува Меѓународниот биографски центар[14] од Кембриџ, Велика Британија.[1]

Remove ads

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads