Стразбуршки астрономски часовник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стразбуршки астрономски часовник
Remove ads

Стразбуршки астрономски часовникастрономски часовник во катедралата Нотр Дам во Стразбур, Алзас, Франција. Ова е трет часовник на истото место и датира од раздобјето кога градот бил под француска управа (1681–1870). Првиот часовник бил изграден во 14, вториот во 16 век, кога Стразбур бил слободен царски град на Светото Римско Царство.

Thumb
Астрономскиот часовник во катедралата Нотр Дам во Стразбур

Сегашниот, трет часовник, бил поставен во 1843 година. Неговите главни карактеристики, покрај автоматите, се вечниот календар (заедно со пресметка / computus /), механичкиот модел на Сончевиот Систем (англиски orrery ) (планетарен бројчаник) со приказ на стварната положба на Сонцето и Месечината и нивните затемнувања. Главната знаменистост е поворката од 18-палечни фигури на Христос и апостолите, која се гледа секојдневно во 12:30 часот, кога петел во природна големина три пати запева.[1]

Remove ads

Часовник

Прв часовник

Првиот астрономски часовник во катедралата во Стразбур бил поставен помеѓу 1352 и 1354 година наспроти јужниот трансепт. Името на производителот е непознато. Овој часовник бил познат како „Часовникот на трите крала“ и имал неколку механизми. Едниот бил позлатен петел, подоцна повторно употребен во друг часовник, кој сега е дел од збирката на Музејот на декоративни уметности и е најстариот зачуван автомат во светот.[2] Оваа птица, симбол на Христовите страдања, е направена од железо, бакар и дрво. Напладне, петелот замавнувал и ги ширел крилјата. Тој исто така го отворал клунот, го плазел јазикот и пеел со помош на мев и трска. Во горниот дел, во дванаесет часот со звукот на мало ѕвонче, трите крала се поклонувале пред Богородица и младенецот Христос .

Часовникот сигурно имал астрономски бројчаник и календар, стоел до ѕидот спроти сегашниот часовник и бил достапен до различни нивоа преку скали. Висината на часовникот била приближно 18 м, а ширината приближно 7,70 м на ниво на подот на што укажува потпората на претходниот балкон кој сè уште е видлива и денес. На дното, насликана фигура на зодијачки човек ја покажувал врската помеѓу знаците на хороскопот и деловите од човечкото тело.

На ѕидот е врежан голем круг, но тој не е остаток од првиот часовник. Додаден е подоцна, а причината до денес останува необјаснета.

Во 1572–74 година, кога на спротивниот ѕид од јужниот трансепт бил поставен втор и уште пограндиозен часовник, целата структура била раставена.

Втор часовник

Првиот часовник престанал да работи, затоа во 16 век почнале да прават нов. Го осмислил математичарот Кристијан Херлин. Околу 1547 година, биле изградени камената обвивка и скалите, а потоа и часовникот и железната рамка. Работата запрела поради разни политички проблеми - катедралата станала католичка, како и поради смртта на Херлин и неговите соработници.

Работата продолжила во 1571 година кога ја презел Конрад Дасиподиус, ученик и наследник на Херлин. Во работата учествувале швајцарските часовничари Исак Хабрехт и Јосија Хабрехт, астрономот и музичар Дејвид Волкенштајн и швајцарските уметници Тобијас Штимер и неговиот брат Јосијас. Часовникот бил завршен во 1574 година.

Во однос на сложеноста на астрономскиот уред, видот и богатството на украсите и додатоците, часовникот бил исклучителен. Имал многубројни бројчаници и стрелки - календарски бројчаник, астролаб, стрелка за планета и затемнување - часовникот бил украсен и со слики, подвижни фигури, автомати и музичка придружба во облик на шест мелодии на ѕвончето. Штимер насликал големи панели со три слики од Судбината, Уранија, Колосот, Николај Коперник и разни свети теми, вклучувајќи ги Создавањето, Воскресението на мртвите, Последниот суд и наградата за доблест и казната за порок.

На дното од часовникот се наоѓал глобус со пречник од околу 86 см, придружуван од пеликан. Глобусот бил поврзан со движењето на часовникот и бил поставен на меридијанот во Стразбур.

На новиот часовник на луѓето посебно омилен им бил златниот петел, остаток од првиот часовник, кој стоел на врвот на куполата и ги забавувал гледачите секој ден напладне сè до 1640 година, кога бил погоден од гром.

Повеќето останати парчиња сè уште се чуваат во Музејот за декоративни уметности.

Трет часовник

Вториот часовник престанал да работи околу 1788 година и останал на место сè до 1838 година, кога Жан-Батист Швилге (1776–1856) почнал да го составува денешниот часовник. Тој смислил нови уметнички механизми за да ги замени старите. Швилге отсекогаш сакал да направи часовник, но договорот го добил дури 50 години подоцна. Во тоа време, тој се запознал со часовничарството, математиката и механиката. Тој поминал една година обучувајќи ги своите 30 работници. Работеле од летото 1838 до 24 јуни 1843 година. Официјално бил претставен на 31 декември 1842 година.

Овој часовник веројатно ја има првата голема механичка грегоријанска пресметка, направена од Швилге во 1816 година. Во 1970 година, Фредерик Клингхамер направил помала реплика на часовникот.

Remove ads

Модел

Во 1887 година, 25-годишниот часовничар од Сиднеј, по име Ричард Смит, направил модел според третиот часовник во размер 1 : 5. Никогаш го немал видено оригиналот, работел според брошура во која било опишано мерењето на времето и неговата астрономска улога. Овој модел сега е изложен во музејот „Пауерхаус“ во Сиднеј, Австралија.[3]

Подробности

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads