Страхил Ефремовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Страхил Милисавов Ефремовски (2 март 1924 во Шопско Рударе — 12 мај 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Основно четиригодишно училиште завршил во родното место. Немал можност да го продолжи образованието ѝ уште како дете почнал да се занимава со сточарство. На 1 септември 1944 година, тој стапил во редовите на НОВ, во состав на Треттатa македонска ударна бригада. Во бригадата како познат бомбаш, учествувал во борбите за ослободување на Македонија, пројавувајќи посебна храброст во борбите на реката Треска. Неговата група била опколена од непријателот, а тој како бомбаш се привлекол до германската положба и умешно фрлил неколку бомби, со тоа го пробил обрачот и успеал да се спаси себеси и својата единица. По ослободувањето на Македонија, бригадата заминала на Сремскиот фронт. Во пробивањето на Сремскиот фронт, тој учествувал во борбите во тоа што е денес Хрватска. Загинал на 12 април 1945 година во Врпоље.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads