Стримница

село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia

Стримницаmap
Remove ads

Стримница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.422 жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е во областа Долни Полог. Селото лежи на бреговите на реката Вардар, во подножјето на планината Сува Гора. Во близина Стримница е селото Фалише.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 245 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 65 куќи со 404 жители Албанци.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.422 жители, од кои 2 Македонци, 2.404 Албанци и 16 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.937 жители, од кои 1.862 Албанци, 1 останат и 74 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачките места бр. 2109, 2109/1, 2110 и 2110/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.567 гласачи.[12]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads