Фалише
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фалише — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Фалише се наоѓа во Долни Полог, 7 км источно од Тетово, на левиот брег на реката Вардар.
Историја
Селото Фалише е старо село. Во средниот век (1337-1346 година), во хрисовула на Тетовскиот Манастир се споменува како Хвалише.[2] Најстарото село се наоѓало на местото Старо Фалише, на патот за Скопје.[2] Некои од жителите го формирале новото село, а потоа поради зулуми старото село било раселено. За време на турското ропство населбата станала чифчиска, а во 1917 година земјата нагло била распродадена на жителите.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 30 семејства, 1 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]
Remove ads
Стопанство
Население
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Фалиша — село во Желинска општина (со центар во Сараќино) и има 16 куќи и 207 жители, Македонци и Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 546 жители, од кои 519 Македонци, 19 Албанци, 7 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 612 жители, од кои 552 Македонци, 37 Албанци, 5 Срби, 5 останати и 13 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Remove ads
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Фалише е македонско-албанско село.
Remove ads
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Македонски: Коачовци (8 к.) доселени се од Кичевско. Се делат на Трпевци, Војновци и Симуновци. Родот го основале тројца браќа Трпе, Војне и Симун. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 70 г. во 1940-тите) Зако-Трпе, еден од браќата кои се доселиле; Ванчевци (2 к.) доселени се од селото Сушица, Порече. Го знаат следното родословие: Ѓорче (жив на 40 г. во 1940-тите) Трпе-Стојан-Ване, предокот кој се доселил; Велешани (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Сараќино, подалечно потекло од Велешко. Овде се викаат и Мартиновци; Петревци (2 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село, Порече; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Радиовце; Горанци или Стојчевци (3 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник; Урдовци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Могилец, Порече; Петковци (4 к.) доселени се во 1928 година од селото Растеш, Порече; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Рогачево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Јажинце; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Одри, подалечно потекло имаат од Битолско; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Манастирец, Порече.
- Албански: Маршиновци (2 к.) доселени се од селото Горно Јеловце. Подалечно потекло од Љума.[2]
Општествени установи
- Цркви
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1983 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 527 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads