Стрисовци
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стрисовци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа на крајниот западен дел на територијата на Општина Пробиштип, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Свети Николе.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 490 метри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип, а потоа патот продолжува преку селото Плешенци и Долни Стубол, каде повторно се исклучува и до селото води асфалтен пат.
Remove ads
Историја
Според народното предание, Стрисовци е старо село, чии христијански жители биле принудени да се иселат и во него се населиле Турци. Последни се иселиле Сатиевци (Сатчиевци) кон крајот на XVIII век, кои преминале во селата Горно Барбарево и Дренак. Во XX век покрај селските гробишта се забележуваат основи на црквичка, за која што се тврди дека била посветена на Света Петка.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 16,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 746 хектари, на пасиштата отпаѓаат 731 хектар, а на шумите само 72 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Во селото се одгледуваат овци, крави и мал број на кози, додека од земјоделските култури најзастапени се житните култури, граорот, вишните и лозјето.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стрисовци живееле 500 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Селото е населено со македонско население, но од него се иселил значителен број од населението. Така, селото во 1961 година броело 401 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стрисовци живееле 54 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Стрисовци е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Доселеници од Горно Барбарево: Шукевци-Фудулци, Дејановци, Чулевци, Сатиевци, Голубановци, Балабановци, Барборковци и Стојчевци.
- Доселеници од Долно Барбарево: Ѓорчевци, Каревци, Гаџевци, Богоевци, Чупевци и Каракашци.
- Доселеници помеѓу 1935-1936 година, како резултат на спроведената аргарна реформа, во Стрисовци се населуваат родовите: Герџовци (од Лесново), Клупчарци (од Горно Кратово), Парговци (од Крилатица), Куковци (од Опила), Бошавци (од Псача) и Бојковци-Јанковци (од Луке).
Remove ads
Самоуправа и политика
Кон крајот на XIX век, Стрисовци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Стрисовци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1561 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[13]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква.
- Споменици
- Спомен-плоча посветена на загинати борци на НОБ
- Реки[14]
- Белошница — помала река покрај селото
Редовни настани
- Слави
- Спасовден — селска слава
Галерија
- Кожи
- Стара куќа во селото
- Главната селска црква „Св. Илија“
- Селска чешма
- Спомен-плоча
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads