Стрновац
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стрновац — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стрновац имало 93 жители, од кои 87 Македонци и 6 Срби.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 41 Македонец, 6 Срби и 1 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Стрновац е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Доселеници: Јовановци (22 к.), Клинчарци (9 к.), Алабуцини (6 к.) и Шантирци (4 к.) сите се доселени од селото Старо Нагоричане. Во родот Јовановци се знае следното родословие: Стојче (жив на 66 г. во 1971 година) Максим-Арсо-Стојан, еден од првите доселеници; Беризимци (17 к.) доселени се од селото Драгоманце. Подалечно потекло од околината на Параќин во Србија; Гаговци (4 к.) доселени се однекаде; Челопечанци (3 к.) доселени се од селото Челопек.[9]
Remove ads
Иселеништво
До 1971 година 4 семејства се иселиле во Австралија. Во мај 1971 година 15 млади момци се спремале да се иселат во Австралија. Потоа планирале и своите семејства да ги повлечат.[9]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads