Структурна класификација на белковините

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Структурната класификација на белковините (анг. Structural Classification Оf Proteins database - SCOP) е база на податоци која содржи мануелна класификација на белковинските структурни домени врз основа на сличностите во структурата и аминокиселинската низа. Мотивацијата за оваа класификација е да се утврди еволутивниот однос помеѓу белковините . Белковините со иста структура, но со мала сличност во низите или функцијата, се класифицирани во истото белковинско натсемејство, а се претпоставува дека имаат многу далечен заеднички предок. Белковините со иста структура и со значителна сличност во низите и/или функцијата, се класифицирани во истото белковинско семејство, а се претпоставува дека имаат поблизок заеднички предок.

Кратки факти Содржина, Опис ...

SCOP базата на податоци е слободно достапна на интернет. Таа била создадена во 1994 година во Центарот за белковинско инженерство (анг. Centre for Protein Engineering, CPE) и Лабораторијата за молекуларна биологија (анг. Laboratory of Molecular Biology) во Кембриџ, Обединетото Кралство.[1] Сè до нејзиното затворање во 2010 година, таа била одржувана од страна на Алексеј Г. Мурзин и неговите колеги во Центарот за белковинско инженерство и потоа во Лабораторијата за молекуларна биологија.[2][3][4] Во јануари 2014 година, работата на SCOP била прекината и последната официјална верзија на SCOP е 1.75 (објавена во јуни 2009 година). Прототипот на новата база на податоци Структурна класификација на белковините 2 (SCOP2) е јавно достапен. SCOP2 има нов приод кон класификацијата на белковините, кој суштински е различен од SCOP, но ги задржува најдобрите одлики на SCOP.

Слично на базите на податоци CATH и Pfam, SCOP ги класифицира поединечните структурни домени на белковините, а не целите белковински молекули, кои во својот состав може да поседуваат повеќе различни структурни домени.

Remove ads

Хиерархиска организација

Изворот на белковински структури е PDB (од анг. Protein Data Bank - банка на податоци за белковини). Единицата за класификација на структурите во SCOP е белковинскиот домен. Она што авторите на SCOP мислат под поимот „домен“ е искажано во нивната изјава дека малите белковини и повеќето средно големи белковини поседуваат само еден домен,[5] и со забелешката дека на човековиот хемоглобин,[6] кој има α2β2 структура, му се доделуваат два SCOP домени, еден за α и еден за β подединицата.

Формите на домените се нарекува „склопови“ (анг. folds) во SCOP. Домените кои припаѓаат на истиот склоп ги имаат истите главни вторични структурни елементи, во истиот аранжман и со истите тополошки врски. Во SCOP верзијата 1.75 наведени се 1195 склопови. Дадени се и кратки описи за секој од склоповите. Склопот на кој припаѓа еден домен се утврдува со инспекција, а не со софтвер.

Нивоата на SCOP се:

  1. Класа: типови на склопови, на пример, бета плочи. Тука спаѓаат структури со сличен состав на вторични структурни елементи, но различни третични структури. Немаат заедничко еволутивно потекло.
  2. Склоп: различните форми на домени во рамките на една класа.
  3. Натсемејство: домените во рамките на еден склоп се групирани во натсемејства, кои имаат далечен заеднички предок.
  4. Семејство: домените во рамките на едно натсемејство се групирани во семејства, кои имаат поскорешен заеднички предок. Услов е да имаат или минимум 30% идентични низи или 15% идентични низи и идентична функција.
  5. Белковински домен: домените во рамките на една фамилија се групирани во белковински домени.
  6. Видови: домените во рамките на „белковинските домени“ се групирани според видовите на организми кај кои се среќаваат.
  7. Домен: дел од белковина. За едноставни белковини, тоа може да претставува целата белковина.
Remove ads

Споредба со другите класификациони системи

Класификацијата во SCOP базата на податоци е повеќе зависна од мануелни одлуки отколку од полуавтоматизирана класификација, како што се среќава кај CATH. За да се одлучи дали одредени белковини се еволутивно сродни и поради тоа треба да бидат класифицирани во истото натсемејство се користи човечка експертиза. Друга база на податоци, FSSP (анг. Families of Structurally Similar Proteins database), е потполно автоматизирана (вклучува и редовни автоматски ажурирања), но не нуди класификација на белковините, давајќи му на корисникот можност самиот да донесува заклучоци.

Наследници на SCOP

До 2009 година, оригиналната SCOP база на податоци мануелно класифицирала 38.000 белковини од PDB во строго хиерархиска структура. Меѓутоа, ограничената автоматизација на класификацијата на SCOP не можела да го следи забрзаното темпо на новообјавените белковински структури, што довело до несеопфатна база на податоци. Базата на податоци Structural Classification of Proteins extended (SCOPe) била објавена во 2012 година со многу поголема автоматизација на истиот хиерархиски систем и е целосно компатибилна со SCOP. Во 2014 година, повторно била воведена мануелната испекција во SCOPe за да се одржи точноста. До февруари 2015 година, SCOPe 2.05 имала класифицирано 71.000 од вкупно 110.000 PDB записи.[7]

SCOP2 е прототипски класификационен систем кој има за цел повеќе да ја интегрира еволутивната комплексност својствена за еволуцијата на белковинските структури. Затоа не станува збор за едноставна хиерархија, туку мрежа која ги поврзува белковинските натсемејства и прикажува структурни и еволутивни односи како што се кружни пермутации, соединување на домени и распаѓање на домени. Следствено, домените не се разделени со строги фиксни граници, туку се дефинирани според нивните врски со најсличните други структури. До февруари 2015 година, прототипот SCOP2 има класифицирано 995 PDB записи.[7]

Remove ads

Поврзано

  • Структурно порамнување
  • CATH
  • FSSP
  • SUPERFAMILY
  • Pfam

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads