CATH база на податоци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

CATH базата на податоци за структурна класификација на белковините е бесплатен, јавно достапен онлајн ресурс кој дава информации за еволутивните односи на белковинските домени. Оваа база на податоци била создадена во средината на 1990-тите години од страна на професор Кристин Орегно и соработниците, вклучувајќи ги Џенет Торнтон и Дејвид Џоунс,[1] а продолжува да биде развивана од страна на групата на Орегно при Лондонскиот универзитетски колеџ. CATH има многу сличности со SCOP базата на податоци, сепак постојат многу области во кои деталната класификација драстично се разликува меѓу нив.[2][3][4][5]

Кратки факти Содржина, Опис ...
Remove ads

Хиерархиска организација

Експериментално-добиените тридимензионални структури на белковините се земаат од PDB (Protein Data Bank). Потоа се идентификуваат белковинските домени во рамките на еден полипептиден синџир со користење на комбинација од автоматизирани методи и мануелна инспекција.

Домените потоа се класифицираат во рамките на CATH структурната хиерархија: на нивото на класа (C), домените се класифицираат според нивната содржина на елементите на вторичната структура во групите исклучиво-алфа, исклучиво-бета, мешавина од алфа и бета и мала содржина на вторична структура; на нивото на архитектурата (A), домените се класифицираат според аранжманот на вторичните структури во тридимензионален простор; на нивото на топологија/склоп (T), се користат информациите за тоа како елементите на вторичната структура се поврзани и организирани; на нивото на хомологно натсемејство (H), домените се класифицираат ако постои добар доказ дека се еволутивно сродни,[1] т.е. хомологни.

Повеќе информации #, Ниво ...
Remove ads

Објавувања

Тимот на CATH има за цел да обезбеди официјални објавувања на CATH класификацијата на секои 12 месеци.

Најновата верзија на CATH-Gene3D (v4.1), била објавена во јули 2016 година и се состои од:

  • 308,999 структурни белковински домени[6]
  • 53,479,436 не-структурни белковински домени[6]
  • 2,737 хомологни натсемејства[6]
  • 92,882 функционални фамилии[6]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads