Струмичко-радовишка Котлина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струмичко-радовишка Котлина — котлина во југоисточниот дел на Република Македонија[1], по горниот и средниот дел од сливот на река Струмица, во подрачјата околу градовите Струмица и Радовиш. Зафаќа површина од 1.482 км2, а надморската височина се движи од 200 м до 1.881 м.
Remove ads
Настанок

Котлината е настаната тектонски, со спуштање на земјиштето долж раседните линии помеѓу планините Беласица на југ, Огражден, Плачковица и Готен на север и Плауш и Смрдеш на запад.[2]

Опис
Котлината се дели на три дела: Струмичко, Радовишко и Дамјанско Поле. Рамничарскиот дел има должина од 200 до 500 м и зафаќа површина од 29.000 ха (290 км2). Највисоко е Дамјанското Поле, а најниско е Струмичкото.
На север, кон планината Огражден најдолниот дел од котлината се извишува. На запад котлината е поврзана со малите полиња Попчевско и Костуринско по долината на Бела и Тркајна Река. На исток Струмичко Поле се стеснува и источно од Ново Село, помеѓу Беласица и Огражден, широчината е околу 2 км, за потоа реката Струмица преку Клучната Теснина да навлезе во Петричката Котлина (Пиринска Македонија).
По целата должина во подножјето на планините се наоѓаат фосилизирани дилувијални наноси, на кои се наоѓаат повеќе села и двете града: Струмица и Радовиш.
Remove ads
Стопанство
Котлината дава високи приноси на раноградинарски култури благодарение на изградените системи за наводнување. Од особено значење е Струмичкото Поле, кое е мошне плодно и богато.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads