Суво Грло (Штипско)

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Суво Грло (Штипско)map
Remove ads

Суво Грло — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 410 до 520 метри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 2433, кој не е асфалтиран, а селото е поврзано со земјен пат од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица.

Историја

Подрачјето на Суво Грло е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од некрополи и населби пронајдени на наоѓалишта во близина на селото.[3]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,9 километри квадратни. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 365 хектари, на шумите отпаѓаат 324 хектари, а на пасиштата 118 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) оd 1900 година, во Суво Грло живееле 210 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 70 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 25 до 50 Власи.[6]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 146 жители, од кои 88 биле Македонци, а 55 жители други (односно Власи). Во 1994 година, бројот се намалил на само 20 жители, од кои 15 биле Македонци, а пет жители Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 13 жители, од кои 10 Македонци и 3 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 2 Македонци и 2 Власи.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Суво Грло:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Суво Грло било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Суво Грло се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2303 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[9] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[10]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Аџибунар — некропола од доцноантичко време;
  • Гробишта — могили од римското време; и
  • Ќоилук — населба и базилика од доцноантичкото време.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads