Судијата од Заламеја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Судијата од Заламеја
Remove ads

Судијата од Заламеја (El alcalde de Zalamea) – драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1643 година. Драмата е напишана според истоименото дело на Лопе де Вега.

Thumb
Претстава на делото од Словенечкиот национален театар Марибор во 1952 година.

Содржина

Дејството на драмата се одвива во 1580 година. На патот за Португалија, војската доаѓа во Заламеја и еден офицер ја силува ќерката на богатиот селанец Педро Креспо, кој истовремено е селски судија и началник. Педро го моли офицерот да се ожени со неговата ќерка, а откако офицерот грубо го одбива, Педро набрзина го осудува и го убива. Тогаш интервенира генералот, дон Лопе де Фигуероа, но без успех, а потоа доаѓа кралот кој ја потврдува постапката на Педро и го именува за доживотен началник.[1]

Remove ads

Осврт кон делото

„Судијата од Заламеја“ зазема посебно место во творештвото на Калдерон де ла Барка, а според некои критичари, таа претставува најдоброто дело на шпанскиот класичен театар. Истовремено, таа е неговата единствена реалистична драма која обработува тема од секојдневниот живот и во која проблемите се решаваат на овоземен начин. Исто така, рамката на драмата е народна, а главните ликови се селани и војници, што е нетипично за Калдерон кој, како дворски писател, претежно обработувал „возвишени“ теми. Основната проблематика во драмата е анализата на односот меѓу војската и граѓаните, како и прашањата поврзани со граѓанските права, честа и достоинството на човекот. Притоа, симпатиите на писателот се на страната на народот при што тој ги возвишува ослободените селани, а ги карикира ситните благородници.[2]

Речиси секој, дури и најспоредниот, лик во драмата има јасно обликуван портрет, своја смисла и улога, но целото дејство се врти околу две големи драмски личности – селанецот Педро Креспо и генералот дон Лопе. Во овие два лика, Калдерон ги насликал типичните одлики на нивните класи, но стопени со поединечните одлики и темпераментот, тие делуваат како живи ликови. Притоа, тие се прикажани посебно во својот свет, но и во судирот на нивните различни светови, од кој секој има своја цврста логика. И токму во таа антиномија, Калдерон ја покажал својата најголема сила и длабочина. Креспо и дон Лопе постепено растат еден од друг и еден наспроти другиот, како две големи сили кои се привлекуваат токму затоа што се различни, кои се борат зашто двете се тврди и кои се почитуваат онака како што се почитува силниот противник. Сепак, ликот на Креспо е малку поизразен и многумина сметаат дека тој е најсилната и најпотполната фигура на класичниот шпански театар.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads