Сунизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сунизам[1][2] или сунитски ислам — најголемата гранка на исламот што ја следат од 85 % до 90 % од муслиманите во светот.[3][4][5] Сунитските муслимани (арап. أهل السنة والجماعة), се „верници што ја следат суната на пророкот Мухамед и го сочинуваат мнозинството од уметот“. Накратко, тие најчесто се нарекуваат сунитски муслимани или сунити. Сунитскиот ислам најчесто се нарекува православен облик на исламот.[6] Зборот сунит потекнува од зборот суна (арап. سنة) што значи сè што рекол и направил Мухамед, што е потврдено во хадисите.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |

Сунитите својата методологија ја црпат од Куранот и хадисите содржани во Ел Кутуб ел Ситах. Според овие два основни извори, се прават и закони со додавање на методи на правно расудување (кијас) и консензус на учените (иџма). Постојат неколку мислења на учените во однос на сите сегменти од изучувањето на верата, и со текот на времето тие се класифицирани во еден од четирите главни мезхеби, или одговорите на прашањата се бараат во исламското право (иџтихад). Сунитите веруваат дека учењата на сите четири школи се точни и дека тие не се разликуваат во основните верувања и практики на исламот, туку во различните сфаќања на фикхот од страна на имамите, основачите на мезхебот и нивните ученици.
Според сунитското предание, Мухамед не назначил јасно наследник и муслиманската заедница дејствувала во согласност со неговата суна и го избрала неговиот тест Абу Бакр за прв калиф. Ова е спротивно на шиитското гледиште, според кое Мухамед за време на настанот во Гадир-Хум објавил дека неговиот зет и роднина Али ибн Аби Талиб треба да биде негов наследник.[7][8] Политичките напнатости меѓу сунитите и шиитите продолжиле со различна жестина низ исламската историја и неодамна биле влошени со етничките судири и подемот на вахабизмот.[9]
Во 2009 година, сунитите сочинувале од 87 до 90 % од муслиманското население ширум светот.[10] Сунизмот е најголемата светска верска деноминација, по што следи католицизмот.[11] Неговите поддржувачи на арапски се нарекуваат ahl as-sunnah wa l-jamāʻah („луѓе од суните и заедницата“) или скратено ahl as-sunnah.[12] Сунизмот понекогаш се нарекува „православен ислам“.[13][14][15] Некои изучувачи на исламот, како Џон Бартон, веруваат дека не постои нешто како „православен ислам“.[16]
Куранот, заедно со хадисот[17][18][19] (особено оние собрани од Кутб ас-Сита ) и иџмата ја образуваат основата на сите традиционални закони во сунизмот. Шеријатските одлуки се изведени од овие основни извори, комбинирани со аналогно расудување, разгледување на јавната благосостојба и правна дискреција, користејќи начела на судска практика развиени од традиционалните правни школи.
Во однос на верата, сунитската традиција ги поддржува шесте столба на иманот (верата) и ги опфаќа асхаридските и матуридските школи на рационалистичка теологија, како и текстуалистичката школа позната како традиционалистичка теологија.
Remove ads
Школи за шеријатско право (мезхеб)

Исламскиот закон е познат како шеријат, тој се заснова на Куранот и суните. Мезхебот се преведува како „начин“, различни мезхеби одразуваат различни мислења за некои права и обврски на шеријатот, па на пример еден мезхеб гледа нешто како обврска, додека друг не.[21][22] Постојат четири школи на шеријатските мезхеби:
Ханифиски мезхеб
Основач на оваа школа бил Абу Ханифа (702-† 767), кој е роден во Куфа, Ирак. Следбениците на оваа школа се муслимани од: Бангладеш, Пакистан, Индија, Авганистан, голем дел од Средна Азија, Јужна Русија, Кавказ, Балканот, Турција и делови од Ирак. Оваа школа има следбеници кај муслиманите од Велика Британија и Германија.
Маликиски мезхеб
Основач на ова училиште бил Малик ибн Анас (-† 795 год.) Тој ги развил своите идеи во Медина, каде што бил еден од последните преживеани придружници на Мухамед и неговото потесно семејство). Неговото учење е запишано во книгата Мувата која е закон за повеќето муслимани во Африка, освен за оние во Долен Египет, Занзибар и Јужна Африка. Маликиската школаисто така е популарно меѓу муслиманите во Франција. Малик ибн Анас бил личен учител на Ханефи и Идрис еш Шафи.
Шафиски мезхеб
Првиот човек на оваа школа бил Мухамед ел Шафи (-† 820 ), ученик на Малик ибн Анас. Работел во Ирак, а потоа во Египет . Учењата на оваа школа се држат од муслиманите во: Индонезија, Долен Египет, Малезија, Брунеј, Сингапур, Сомалија, Јордан, Либан, Сирија, Керала во Индија, Шри Ланка, Малдиви, Палестина, Јемен и Курдистан. Ал Шафи особено ја нагласувал суната на Мухамед (сè што правел, кажал или тивко одобрил), кој според него бил хадис (што рекол Мухамед ) и извор на шеријатот.
Ханбелиски мезхеб
Родоначалник на ова училиште бил Ахмад ибн Ханбели († 855 ), кој бил роден во Багдад. Тој детално ги проучувал учењата на Ал-Шафи. И покрај забраните и прогоните, тој цврсто останал на ставот дека светата книга Куран не е створена. Ова училиште има најмногу следбеници на Арапскиот Полуостров.
Теологија на четирите школи
Следбениците на сите четири школи го следат истиот основен збир на верувања, но тие се разликуваат едни од други во практичното извршување на верските ритуали и во правните толкувања на „божествените начела“ (шеријатот), односно во толкувањето на Куранот и хадисот (зборови). Сунитските муслимани сметаат дека двата извора имаат еднаква вредност.[12]
Постојат и други сунитски шеријатски школи. Сепак, тие имаат многу малку следбеници и се релативно непознати во споредба со популарноста на четирите главни школи. Исто така, многу од другите школи изумреле бидејќи немале доволно следбеници за да преживеат.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads