Сушево (Штипско)
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сушево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
За други истоимени места, погледајте Сушево (појаснување).
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа на северозападниот дел на територијата на Општината Штип, недалеку од градот, на оддалеченост од околу четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри.
Атарот зафаќа простор од 4,4 км2. На него пасиштата заземаат површина од 248 ха, а на обработлив- ото земјиште отпаѓаат 144 ха.[2]
Историја
Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиското Царство.
Стопанство
Селото има полјоделско-сточарска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 70 жители, сите Македонци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[4]
Сушево е мало село, коешто во 1961 година броело 107, а во 1994 година 20 жители, и е во фаза на раселување.[5]
Според пописот од 2002 година, населението на Сушево броело 11 жители, сите Власи.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Доброшани.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads