Сушица (Ростушко)
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сушица — раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Мала Река, на падините на Бистра. Оддалечено е 16 километри источно од градот Дебар.
Историја
Во XIX век, Сушица било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 156 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Сушица имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сушица се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 24 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Селото е наполно раселено по 1953 година, кога броело само 49 жители, сите Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Сушица немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
За Сушица се говори дека е најстаро село во мијачкиот крај. Родовите во селото се староседелски доселени од старото село Сушица.[11]
Родови во Сушица се: Веловци, Митровци, Ставревци, Проковци, Коловци, Андоновци, Ѓоргевци, Ефтимовци, Цветковци, Угриновци, Мартиновци, Павлевци, Мијатовци и Јосевци, сите доселени од Старо Сушица.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads