Тава

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тава
Remove ads

Тава[1][2] или тиган[3][4] — метален плиток кујнски сад со продолжена рачка наменет за пржење храна. Тавата може да биде од челик, алуминиум, бакар или некоја метална легура.

Thumb
Тава

Во поново време се произведуваат тави обложени од внатрешната страна со тефлон, керамика и друг материјал. За пржење во тава со тефлон потребно е помалку масло, а храната во текот на пржењето не се лепи за дното на садот.

Remove ads

Отоманска Македонија

Тавата, како и тепсијата, биле чест предмет од кујнскиот прибор во Отоманска Македонија, па и после тој период. Израбтоката на тавата била рачна, за разлика од денешно време, и често била бакарна или друг лесен материјал. Се сретнувале, најчесто, два вида на тави, во зависност од самиот облик и намена.[5]

Тавата со округли рачки, фаќалки, била едниот вид кој често се наоѓал во ановите. Овој тип тави служат за пржење храна, во помали количини. По форма тркалезна, тавата е подлабока, со повисок бочен дел. Некои имале на дното вдлабнатинки. Чемберот е прав и тесен, под него на две спротивни страни се поставени две елипсовидни рачки. Рачките се направени од месинг во техниката леење, а за телото на тавата се прицврстени со бакарни чивии. Калаисана е само однатре, а тие што имале испакнатините на дното, не лежеле стабилно. [5]

Тркалезната тава се користела за пржење во обичните македонски семејства. Се проширува од дното нагоре, а околу работ има прав и тесен чембер. Од едната страна однадвор има права, долга, железна рачка прикачена со чивии, која е зајакната со уште еден железен дел со полукружна форма кој насреде е споен со рачката. На горниот крај рачката има дупче што служи за закачување на тавата на ѕид. [5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads