Танушевци
село во Општина Чучер-Сандево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Танушевци — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 417 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора, во близина на врвот Копиљача. Селото се наоѓа скоро на самата македонско-косовска граница.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 61 мажи муслимани, со 1 новороденче, а исто така и 5 доселени мажи од друго место. Се проценува дека селото во тој период имало 134 жители.[2]
Во 1913 година, селото имало 428 жители. Било дел од Општина Бродец.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[4]
Remove ads
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 417 жители, од кои 409 Албанци и 8 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 304 жители, од кои 212 Албанци и 92 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads