Јужна Франција
географско подрачје во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јужна Франција (или Миди; француски: Midi, окситански: Miègjorn) — географско подрачје кое ги опфаќа оние региони во Франција кои се граничат со Атлантскиот Океан јужно од Поатевенското Блато,[1] Шпанија, Средоземното Море и Италија. Ги опфаќа југот на Нова Аквитанија на запад, Окситанија во средиштето, јужните делови на Оверњ-Рона-Алпи на североисток, Прованса-Алпи-Азурен Брег на југоисток, како и островот Корзика, исто така на југоисток.
Поимот „Миди“ Midi доаѓа од старофранцуските зборови mi („средина“) и di („ден“), слично на поимот Мецоџорно (Mezzogiorno) со кој се опишува Јужна Италија или Мјазаз (Miazăzi) со кој се означува југот на романски. Сето ова значи пладне и е синонимно со јужниот дел на Франција, бидејќи во сите краишта на северната полутопка северно од Северниот Повратник, на пладне сонцето е на југ. Оваа синонимија постоела и во среднофранцускиот, каде зборот меридијан (meridien) означува и „пладне“ и „југ“. Се смета дека Миди започнува од Валанс.[2]
Remove ads
Географија
Подрачјето на Јужна Франција во голема мера соодветствува на големата културно-историска област Окситанија во Јужна Европа, каде во минатото преовладувал окситанскиот јазик. Иако се дел од Окситанија, регионите Оверњ и Лимузен обично не се сметаат за јужнофранцуски. Најголеми градови во Јужна Франција се Марсеј, Тулуза, Бордо, Ница и Монпелје. На ова подрачје се протегаат и Пиринеите и Француските Алпи, во неговиот југозападен, односно источен дел. Неретко се вбројува и островот Корзика, кој е на југ од континентална Франција и веднаш над островот Сардинија (Италија).
Remove ads
Туризам
Позначајни посетителски знамнитости се римскиот аквадукт Пон ди Гар и Нимската арена, Вердонската Клисура во Горнопровансалските Алпи, Јужниот Канал кој ја поврзува Тулуза со Средоземното Море, како и природните области Ларзак, Либерон и Медок. Во југоисточната четвртина на подрачјето е познатата Француска ривиера.
Особено истакнати по своето архитектонско наследство се помалите градови Русијон, Менерб, Корд сир Сјел, Горд, Рокамадур, Рен ле Шато, Ле Бо де Прованс, Лурмарен, Гасен, Сен Пол де Ванс, Лил сир ла Сорг, Сејан, Кријон ле Брав и Сен Реми де Прованс.
- Ница, Приморски Алпи — најзпонатиот град во Јужна Франција, но не и најголемиот
- Крајбрежен пат кај Сент Максим
- Аквадуктот Пон ди Гар
- Лозје во Воклиз од кое се прави провансалско вино
- Традиционален предел во историската покраина Беарн, денес во департманот Атлантски Пиринеи
Remove ads
Поврзано
- Окситанија
- Гаскоња
- Беарн
- Југозападна Европа
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads