Татомир
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Татомир — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Remove ads
Потекло и значење на името
Името на селото првпат е забележано во турски документи од 1519 година. Се верува дека неговото потекло е од истоименото лично име.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Куманово и Свети Николе.[3] Селото е ридско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 700 метри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2247.
Историја
Селото првпат е документирано во 1519 година во историските извори.[2]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 13,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 516 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 453 хектари, а на шумите 331 хектар.[3]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татомир живееле 175 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Татомир имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Татомир е населен со македонско население. Селото во 1961 година имало 391 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 135 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Татомир живееле 84 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, од кои 35 Македонци и 7 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Кон крајот на XIX век, Татомир било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото влегувало во тогашната Општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татомир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Секулица, во која влегувале селата Вакуф, Секулица и Татомир.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0919 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Селиште — населба од доцноантичкото време; и
- Маркова Куќа — средновековна ќелија.
Личности
- Родени во или по потекло од Татомир
- Коне Божиновски (1914-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стое Стојановски (1914-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Санде Трајковски (1919-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Галерија
- Поранешното основно училиште
- Влезот во селото
- Селските гробишта
- Поранешното основно училиште
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads