Коне Божиновски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Коне Стојанов Божиновски (5 април 1914 во Татомир30 декември 1944 во Гнилане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]

Животопис

Потекнува од ситно сопственичко земјоделско семејство. Немал можност да се школува, па уште како дете работел како момок во неговото и околните села. Ја почувствувал горчината на експлоатацијата, тешкиот живот и обесправеноста. Иако живеел во село, во допирите со луѓето, тој се интересирал за успесите на НОВ. Ги помагал борците на НОВ, вршејќи курирска должност, пренесувајќи писма и друг материјал. На 15 септември 1944 година активно му пристапил на народноослободителното движење, а потоа ѝ како борец во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Посебно се истакнал во борбите против германските единици во село Страцин, на 22 и 26 октомври 1944 година и во борбите за ослободување на Куманово (10 и 11 ноември) 1944 година. По конечното ослободување на Македонија, во близината на Гнилане, бригадата учествувала во жестока борба против балистите. Оваа борба за Коне била последна, загинал на 30 декември 1944 година, не дочекувајќи ја толку посакувната слобода.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads