Ташка Грековска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ташка Грековска (5 мај 1912 во Гевгелија — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Била симпатизер на напредното работничко движење за време на кралството Југославија. Со окупацијата на земјата, активно учествувала во НОД. Од средината на 1941 година кај неа престојувале илегалци. Станала член на КПЈ во март 1942 година. Работела меѓу жените, пренесувала партиски материјали од Скопје за Гевгелија, собирала народна помош, вршела курирска работа. Во април 1943 година станала член на Месниот Комитет на КПМ - Гевгелија. Во јануари 1944 година била затворена, но набрзо ослободена. Веднаш потоа била интернирана вo Бугарија. Таму останала до калитулацијата на Бугарија. По враќањето од интернација, стапила во единиците на НОВ. Некое време била на работа во партизанската болница во селото Рамно на Козјак, а потоа била префрлена во „Прохор Пчињски“. Работела на слободната територија како политички работник. Раководела со скоевска група. Во февруари 1945 година се вратила во Гевгелија и била избрана за секретар на Одборот на АФЖ.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads