Рамно

село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia

Рамноmap
Remove ads

Рамно — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Рамно имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 4 Македонци и 2 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

Рамно е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

  • Доселеници: Кушпарци (3 к.) доселени се од селото Војник; Забелци (5 к.) доселени се од селото Трница во Горна Пчиња (денес во Србија). Го знаат следното родословие: Јован (жив на 73 г. во 1971 година) Стојан-Ристе-Спаја, кој се доселил; Курјашци (4 к.) доселени се од некое блиско кумановско село; Ваганаровци (2 к.), Гезаци (2 к.), Ковелци (1 к.), Свиларци (5 к.) и Мартинци/Мартиновци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[9]
Remove ads

Општествени установи

Иселеништво

Постари иселеници има во околината на Врање во Србија. Во селото Брњаре (Раманци), потоа во Горна Пчиња (во Србија и Македонија) во селата Долно Стајевце (Ваљавичарци и Барчани), Горно Стајевце (Пржинци), Бабина Пољана (Стојановци) и во Буковљане (Миленковци).

Други постари и понови иселеници по кумановските села се во Мутилово (Крстевски), Алгуња (Арсиќи), Долно Коњаре (Митровиќи, Стојанови, Накиќи, Душан и Саво), Љубодраг (Козјачани), Карловце (Раманчани), Врачевце (Куштарци) и во Карабичане (Подкулајци и Дубовци).

Потоа иселеници има во селото Пепелиште во Тиквеш. Потоа селото Глогоњ кај Панчево, во Куманово и други места.[9]

Личности

Личности родени во Рамно:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads