Ташко Арсов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ташко Арсов, наречен Неофит[1] ( 1882 , Охрид - 1950 , Охрид) — македонски револуционер, крушевски и демирхисарски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[2]
Remove ads
Животопис
Арсов е роден во 1882 година во Охрид, тогаш во Отоманското Царство. По потекло е Влав. Од 1900 година станал член на ВМОРО, а од следната година, по обид да биде затворен, Ташко Арсов успеал да избега, и влегол во четата на Никола Русински.[3] Пред Илинденското востание, Арсов бил секретар на војводата Деан Димитров, од село Лактиње, Дебрца,[3] а откако војводата Деан бил заменет со Смиле Војданов, Арсов бил и негов секретар, сè до крајот на Илинденското востание. По востанието, Арсов со група заминал кон Бугарија, а во август 1904 година, се вратил во Битолско со Костурската чета на Кузе Блацки. Во април 1905 година, Арсов бил поставен за војвода во Демир Хисар, и за организатор на второ востание за Битолскиот округ.[3] Во февруари 1907 година, Арсов заминал за Софија, а оттаму заминал за Канада во мај 1907 година. По објавувањето на Младотурската револуција, се вратил во родниот крај.
Во 1926 година Ташко Арсов бил избран за член на битолското околиско началство на ВМРО заедно со Симеон Сагриев и Никола Долинчанец [4].
Арсов починал 1950 година во родниот град [5].
- Ракопис „Илинденците од Демирхисарскиот крај“, напишан од Ташко Арсов.
- Портрет на Ташко Арсов.
- Ташко Арсов со својот арсенал
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads