Ташо Гушев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ташо Гушев - Маки ( 1910 во Граматиково, Солунски Вилает, Османлиско Царство — 1996 во Воден) ― македонски партизан, учител, борец за права и слобода на Македонија, учесник во НОВ во Егејска Македонија, како и Граѓанската војна во Грција.[1][2]
Животопис
Во 1941 година се приклучил на во движењето на отпорот против фашизмот. Од 1947 година, бил политички комесар на Штабот на ДАГ за планината Пајак и Кајмакчалан, а потоа политички комесар на Осумнаесеттата бригада на ДАГ. Бил член на главниот одбор на НОФ и член на Претседателството на организацијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија - „Илинден“. Приврзаник и доследен спроведувач на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање.[1][2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads