Темар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Темар (германски: Themar) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Вера, 11 километри северозападно од окружниот град Хилдбургхаузен и 14 километри југозападно од слободниот град Зул.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Фелдштајн. До 2019 година не бил во состав на самата заедница, иако во него се наоѓало нејзиното седиште.
Remove ads
Местоположба
Темар се наоѓа во јужниот дел на Тирингија, во горниот тек на Вера и во подножјето на Тириншката Шума.
Соседни општини
Општини со кои се граничи се Хенфштет, Оберштат, Груб, Ленгфелд, Клостер Фесра, Гримелсхаузен и Бајнерштат во округот Хилдбургхаузен, како и со Грабфелд и Лојтерсдорф во округот Шмалкалден-Мајнинген.
Градски единици
Кон градот припаѓаат и следниве места:
- Вахенбрун
- Тахбах
Политика
Градски совет
Градскиот совет во Темар се состои од 14 членови. На општинските избори одржани на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија/Список | Места | +/– |
Про Темар | 8 | ± 0 |
Левица | 3 | − 2 |
SPD | 1 | ± 0 |
BZH | 2 | + 2 |
На овие избори по првпат во советот влегла партијата „Сојуз-Иднина-Хилдбурхаузен“ од крајната десница.
Градоначалник
Од 2000 година, градоначалник е Хуберт Безе, кој во 2018 година бил повторно избран.[2]
Збратимени градови
Темар е збратимен со следниве градови:
Гербрун, Германија
Remove ads
Главни знаменитости
- Црква Свети Вартоломеј
- Црква Свети Јован
- Градски ѕидини
- Градско собрание
- Главниот плоштад
Галерија
- Градските ѕидини
- Амтсхаус
- Железничката станица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads