Хилдбургхаузен

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хилдбургхаузенmap
Remove ads

Хилдбургхаузен (германски: Hildburghausen) — град во средишна Германија, кој се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија. Градот претставува административно седиште на округот истоимениот округ. Се наоѓа а реката Вера, 20 километри јужно од Зул и 25 километри северозападно од Кобург.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Хилдбургхаузен во рамките на округот Хилдбургхаузен ...

Хилдбургхаузен бил главен град на Саксо-Хилдбургхаузен до неговото распуштање во 1826 година, по што припаднал на Саксо-Мајнинген. Градот станал дел од новата покраина Тирингија во 1920 година.

Remove ads

Географија

Местоположба

Хилдбургхаузен се наоѓа во долина на реката Вера на надморска височина од 381 метар, помеѓу Тириншката Шума на север и Грабфелд на југ.

Градски единици

Самиот град Хилдбургхаузен се состои од Алтштат („Стар град“) и помалиот Нојштат („Нов град“), основан во 1710 година од страна на Хугенотите.

Покрај самиот град, во градското подрачје влегуваат и следниве единици:

  • Биркенфелд
  • Бирден
  • Ебенхардс
  • Герхартсгеројт
  • Хезелрит
  • Лајмрит
  • Пферсдорф
  • Валрабс
  • Вајтерсрода

Соседни општини

Општини со кои се граничи градот се Ауенгрунд, Брин, градот Ремхилд, Клостер Фесра, Ројрит, градот Шлојзинген, Штрауфхајн и Фајлсдорф.

Remove ads

Историја

Населбата Хилтебургехузин (Hilteburgehusin) првпат била спомената во декрет од 1234 година, кога хенебершките грофови ја продале на принц-бискупите од Вирцбург. Повторно била купена во 1316 година, а градот добил градски права во 1324 година и истата година биле подигнати бедемите околу него. Во 1353 година, имотот на Хилдбургхаузен бил наследен од ветинскиот ландгроф Фридрих III, а по Лајпцишкиот договор од 1485 година станал дел од Ернестинските војводства.

Во 1528 година, граѓаните на Хилдбургхаузен станал протестантски. Градот потпаднал под новосоздаденото Војводство Саксо-Кобург во 1572 година и таму останал до исчезнувањето на линијата во 1638 година, кога преминал на Војводството Саксо-Алтенбург. Во 1680 година, станал резиденција на ернестинските војводи на Саксо-Хилдбургхаузен до неговото распуштање во 1826 година, откако преминал во Војводството Саксо-Мајнинген. Градот станал дел од новата држава Тирингија во 1920 година.

Remove ads

Политика

Градски совет

Советот на градот Хилдбургхаузен се состои од 24 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

Повеќе информации Партија, Места ...

Збратимени градови

Хилдбургхаузен е збратимен со следниве градови:

Дополнително, градот има договори за пријателство со чешкиот град Пелхримов и со германскиот град Швабах.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads