Темелко Наумов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Темелко Наумов, известен како Темелко Степанцалијата — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Темелко Наумов е роден 1870 година во велешкото село Степанци, во областа Азот, тогаш под Османлиското Царство. Влегува во ВМОРО и го оглавува комитетот во родното село. Во текот на април 1902 година е уапсен од отоманските власти и затворен во Битола. Во текот на јуни 1905 година станува четник на Панчо Константинов. Во август 1907 година, откако Дачо Јотов и Михаил Чаков го напуштаат Велешко, окружниот војвода Тане Николов се враќа во Велешко и ја подели областа на петмина околиски војводи - на Велко Попадиски, Секула Ораовдолски, Темелко Наумов, Александар Андреев и Милан Змијата. Темелко Наумов се бори активно против српската пропаганда и нејзините чети во Македонија.[1][2]

Remove ads

Белешки

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads