Тененски Планини

планински венец во Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тененски Планиниmap
Remove ads

Тененски Планини (германски: Tennengebirge) — мал, карпест планински венец во Северните Варовнички Алпи, кој лежи по целата своја должина пред Источните Алпи.[1][2][3][4][5] Овој висок планински масив, кој е претежно варовнички, има површина од околу 60 км2 и поседува голем број на пештери. Планините се наоѓаат во покраината Салцбург, блиску до Бишофсхофен, во Австрија.

Кратки факти Тененски Планини, Највисока точка ...

Околу 37 км2 од планинскиот масив на Тененските Планини се наоѓа на надморска височина над 2000 метри, и овој дел бил прогласен за природен резерват во 1982 година.

Remove ads

Топографија

Контурите на планинскиот масив се опкружени со:[6]

  • на запад се граничи со планините Хаген, кои се дел од Брехтегаденските Алпи и од кои се одделени со реката Залцах. Овде, на северниот крај од планинскиот превој Луег, се наоѓа најтесниот дел на клисурата Залцахефен, која поминува низ варовничките Алпи.
  • на север и североисток границата е реката Ламер сѐ до изворот на Рузбах, кој се спушта од превојот Гшит. Од другата страна на реката Ламер се наоѓа Остерхорн групата (планините Залцкамергут).
  • на исток, по должината на реката Ламер сѐ до Лунгетц, одвоени се од планините Дахштајн.
  • на југ се граничи со дел од Салцбуршките Шифералпен (германски: Salzburger Schieferalpen), десно од реката Залцах, долж линијата од Карбах до Санкт Мартин – Фрицбах – Залцах до Бишофсхофен.

Населби во долината

  • Верфен
  • Пфарверфен
  • Верфенвенг
  • Санкт Мартин на Тененскиет Планини
  • Анаберг-Лунгец
  • Абтенау
  • Шефау на Тененските Планини
  • Голинг на Залцах
Remove ads

Планински врвови

Thumb
Поглед на карстниот терен на Тененските Планини.

Највисоки врвови се Раухек (2430 метри надморска височина), а се наоѓа на запад, и Блајкогел, кој се наоѓа на исток и е со надморска височина од 2412 метри. Највисоките точки се наоѓаат како што се оди кон јужниот раб на планинскиот масив, а висината на врвовите се намалува одејќи кон северниот дел. Најважните врвови се:

  • Раухек (2.430 м)
  • Ленендер Штајн (2.402 м)
  • Пфафенлајткопф (2.370 м)
  • Верфенер Хохтрон (2.363 м)
  • Фрицеркогел (2.360 м)
  • Штрајтмандл (2.360 м)
  • Шубихел (2.334 м)
  • Тиролер Когел (2.324 м)
  • Ајскогел (2.321 м)
  • Бриткогел (2.316 м)
  • Виселштајн (2.300 м)
  • Шајблингкогел (2.290 м)
  • Хохкогел (2.283 м)
  • Фиберхорн (2.278 м)
  • Тауренкогел (2.247 м)
  • Кналштајн (2.234 м)
  • Хохкарфелдеркопф (2.219 м)
  • Брајтштајн (2.161 м)
  • Тагвајде (2.128 м)
  • Еделвајскогел (2.030 м)
Remove ads

Геологија

Thumb
Поглед на Тененските Планини од југозапад.

Овој планински масив се одликува со исклучително карстни карпи, составени главно од Дачштајн варовник, кој лежи врз основа од Рамсау доломит.

На јужните падини, долж линијата Лунгец-Верфенвенг-Верфен се наоѓа зоната на расед (Schuppenzone). Оваа зона е изградена од геолошката Верфенска образба, која била формирана во периодот на долниот тријас, и од доломитите од периодот на среден тријас (Анизик и Ладиник). Оваа зона на расед се вика Верфен-Санкт-Мартин зона на расед (Werfen-St.-Martin Schuppen Zone).[7]

Пештери

На Тененските Планини постојат бројни пештери:[8]

  • Најпозната пештера е Ајсризенвелт (германски: Eisriesenwelt, Свет на ледените џинови) во близина на Верфен. Таа е долга околу 42 километри и е најголемата ледена пештера во светот. Заледениот дел од пештерата е отворен за јавни посети, па затоа и спаѓа во т.н. туристички пештери.
  • Најпознатите пештери во близината на долината се пештерата Брунекер на превојот Луег, пештерата Винерфал во близина на Обершефау и пештерата Трикл во близина на Абтенау. Овие активни водни пештери, зависно од временскиот период, се или затрупани со снег или поплавени со вода.
  • Друг важен систем на пештери е системот на Платенекајс-Бергер-Бирлох пештерите, кој се наоѓа во северозападниот дел на планинскиот масив. Овој систем на пештери се дренира кон пештерата Брунекер, со пад од околу 1000 метри во висина.
  • Други важни пештери се Шнеелох пештерите на Кухелбергалм и пештерата Ајскогел, која се протега низ истоимената планина на јужниот раб од Тененските Планини.

Масивот е важен истражувачки регион за Државната истражувачка асоцијација за пештери во Салцбург, која е задолжена за собирање и публицирање на истражувањата од овој регион. Постојано се наоѓаат нови пештери, а во старите се откриваат нови непознати делови.

Знаењата за пештерите и нивните водотеци се особено важни во однос на идното водоснабдување на населението, како и за заштита на водните ресурси.

Планинарење

Како висок планински масив, Тененските Планини изобилуваат со бројни патеки за планинарење. Планинарите сепак треба да се свесни за недостаток на вода поради карпестиот терен, како и за опасноста од загубување во магла и во други услови на намалена видливост. Алпското искуство и добрата физичка подготвеност се основни предуслови за алпинизам, иако постојат бројни планински колиби. Провалиите по работ на планините им овозможуваат на алпинистите опции за искачување. Страната на јужниот раб на масивот, посебно околу планинската куќа Верфенер и над планинската куќа на д-р Хајнрих Хекел, се посебно популарни поради лесната пристапност. Во зима има разни скијачки патеки кои поминуваат низ планините, а на некои места има и екстремни скијачки патеки.

Колиби

  • Куќа на Антон Прокш (1.590 м)
  • Куќа на д-р Фридрих Едел (1.575 м)
  • Колиба на д-р Хајнрих Хекел (1.530 м)
  • Колиба Еделвајсер (2.350 м)
  • Елмауалм (1.520 м)
  • Колиба Фрајласинг (1.550 м)
  • Колиба Гсенгалм (1.450 м)
  • Колиба Гвехенберг (1.365 м)
  • Колиба Лауфен (1.725 м)
  • Куќа на Леополд Хапиш (1.925 м)
  • Мадег Алм (1.200 м)
  • Росбергхите (1.000 м)
  • Колиба на Стефан Шацл (1.340 м)
  • Колиба Верфен (1.970 м)
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads