Кртови

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кртови
Remove ads

Кртовите (научно: фам. Talpidae) образуваат група на цицачи од редот Soricomorpha.[1] Тие се широко распространети во Европа и Северна Америка (од Јужна Канада до Северно Мексико). Во северните делови од Евроазија достигнуваат до 63° с.г.ш.

Кратки факти Кртови Период: Доцен еоцен - денес, Научна класификација ...
Remove ads

Надворешен изглед и прилагодби

Thumb
Ѕвездонос крт.

Кртовите се мали до средно големи цицачи: должината на телото се движи од 5 до 21 cm, тежат меѓу 9 и 170 g. Тие (освен видот Neurotrichus gibbsii, кој живее на површината) се приспособени за подземен ријачки начин на живот. Телото им е издолжено, округло, прекриено со густо, мазно и кадифено крзно. Крзното на кртовите има уникатна одлика — нивните влакна растат исправено, а не ориентирани во определена насока. Ова му дозволува на кртот да се движи лесно под земјата во било која насока — влакната слободно се поставуваат и напред и назад. Бојата на кртовите е монотона, црна, кафеава или темносива. Нозете се кратки, шепите се лопатовидно раширени; канџите се големи со зарамнет врв. Задните екстремитети се обично послаби од предните. Опашката е кратка. Главата е мала и издолжена. Носот е издолжен во подвижна рилка. Вратот е речиси невидлив. Ушни школки отсуствуваат или се многу мали. Видот кај кртовите е слаб; кај некои видови очите се затскриени со кожа. Добро се развиени сетилата за мирис и допир.

Черепот е долг, конусен, со многу тенки зигоматски лакови. Бројот на забите изнесува од 33 до 44. Бројот и градбата на забите се користи при определување на родовите. Прешлени: вратни 7, градни 13-14, карлични 5-6, крстни 5-6 и опашни 8-27. Коските, особено оние од раменскиот појас, се широки и силни. Клучната коска се зглобува непосредно со раменската (кај другите цицачи — со израстокот на лопатката). Карличните коски се долги и тесни. Кај мажјаците има пенисна коска, која е позната како бакулум.

Remove ads

Екологија

Кртовите живеат во најразлични предели, а претпочитаат станишта со влажни почви кои се лесни за копање (риење). Повеќето видови водат подземен начин на живот, копаат тунели и се хранат со подземни безрбет, а поретко и со делови од растенија. Поради посебната градба на предните екстремитети, приспособени за копање и риење на почвата, многу кртови лазат по површината. Некои видови во потрагата по храна излегуваат на површината или водат надземен начин на живот. Активни се преку целиот ден и ноќта, или само навечер и ноќе. Поради високиот степен на метаболизам, кртовите се многу ненаситни по храна. Обично живеат поединечно.

Remove ads

Значење за човекот

Thumb
Шепа од преден екстремитет на европскиот крт.
Thumb
Ископини од крт.

Кртовите се корисни, ја раскопуваат почвата и со тоа придонесуваат за нејзината аерација и влажност. Тие уништуваат голем број на безрбет кои се сметаат за штетници во земјоделството и шумарството. Некои кртови предизвикуваат штета, ги јадат дождовните црви и корењата на градинарските и овошните култури.

Систематика

Семејството се состои од 15 родови, во кои има околу 40 видови.

Потсемејство вистински кртовиTalpinae. Се среќаваат во Евроазија и Северна Америка.

  • Ѕвездоносни (ѕвездорилкови), ѕвездести кртови (Condylura)
  • Euroscaptor
  • Могери (Mogera)
  • Nesoscaptor uchidai
  • Американски планински крт (Neurotrichus gibbsii)
  • Влакнест крт (Parascalops leucura)
  • Белоопашест крт (Parascaptor leucura)
  • Источноамерикански крт (Scalopus aquaticus)
  • Западнокинески крт (Scapanulus oweni)
  • Западноамерикански крт (Scapanus)
  • Краткоусен крт (Scaptochirus moschatus)
  • Долгоопашест крт (Scaptonyx fusicaudus)
  • Обичен крт (Talpa)
  • Јапонски горски крт (Urotrichus)

Потсемејство планински кртовиUropsilinae. 4 вида, распространети во Тибет и Кина:

  • Планински крт (Uropsilus)
Remove ads

Кртовите како мотив во уметноста

Други подземни животни

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads