Тетанус

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тетанус
Remove ads

Тетанусот е акутна болест која ја предизвикува бактеријата (латински: Clostridium tetan) која произведува два токсини, од кои еден доведува до прекин на црвените крвни зрнца, а другиот се шири по централниот нервен систем, што предизвикува болни мускулни контракции и мускулна ригидност. До инфекција со бактеријата доаѓа преку повреди и рани на кожата. Тетанусот е проширен низ цел свет, но се спречува со вакцинација.

Кратки факти Тетанус, Специјалност ...
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Remove ads

Симптоми

Болеста се манифестира со:

  • треска;
  • мускулни грчеви, постојат два вида на грчење:
    • постојано - континуирани, не минуваат и до неколку дена;
    • повременo - краткотрајни кои траат од неколку секунди до една минута.

Инкубацијата трае два дена па дури и до неколку месеци. Кај пациентите прво се забележуваат мускулни грчеви при џвакање, а потоа грчењето се шири низ цело лице, што доведува до карактеристичен изглед на лицето на заболениот (латински: facies tetanica). Потоа грчевите ги зафаќаат и мускулите во грбот, па пациентот го тера на лежење во необична положба (во лак кон наназад). Кога грчевите ќе ги зафатат и предниот дел, кај градниот кош и стомакот, кај пациентот се јавуваат тешкотии со дишење.

  • Покрај грчење на мускулите, присутни се и болки на целата мускулатура. Во лесните облици ова грчење трае по неколку секунди, но во потешките и до минута, но се повторуваат на неколку минути, со што се влошува состојбата на пациентот. Во случај на подолго грчење на респираторната мускулатура може да дојде и до цијаноза и смрт кај пациентот.
Remove ads

Дијагноза

Дијагнозата се поставува исклучиво на темелно прегледување на клиничката слика, а посебно треба да се обрати внимание на раните на пациентот.

Лекување

За лекување на тетанусот потребно е обработка на раните и антибиотска терапија, најчесто со пеницилин. Потребно е да се примени и хуман тетанус имуноглобулин (HTIG) и тетанус анатоксин. На пациентите им се дава и препарати од диазепам, мускулни релаксанси, бета блокатори, аналгетици и кардиотоници. Се препорачува и одење во тивки и мрачни простории, по можност во болнички услови.

Надворешни врски

Кратки факти Класификација, Надворешни извори ...


Портал од областа на здрвјето

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads