Тиквичка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тиквичка — едногодишно лијанско растение од фамилијата тикви (Cucurbitaceae), чиј плод се користи во човечката исхрана. Тиквичката е одгледуван култивар од тиквата.
Remove ads
Потекло

Постојат разни теории за потеклото на тиквичката – некои тврдат дека потекнува од Азија, конкретно од Индија [1], додека други тврдат дека потекнува од Америка, поконкретно од Мексико и дека во Европа ја донеле шпанските конквистадори. Меѓутоа, оваа теорија не делува веројатно бидејќи тиквичките се споменуваат во Стар Египетстароегипетските записи, а исто така постојат и докази дека ја познавале и антички РимРимјаните[2].
Remove ads
Одгледување
Тиквичката бара многу светлина и топлина. На температуратемператури пониски од 10 °C, растението престанува да расте. Треба доста да се наводнува, а земјата да се одржува влажна, но треба да се води сметка за влажноста затоа што тиквичката е склона на габични заболувања. Земјата на која се сади треба да биде растресита, длабока и по можност песоклива. Стеблото би требало да се потпре со потпорни стапови, бидејќи плодовите се многу тешки, па тежнеат да се спуштат на земја, со што плодот би бил поизложен на растителни болести [3]
Remove ads
Особини
Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, и како такво се препорачува во диетите за слабеење. Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, па во народната медицина се користи за исфрлање на излишната течност од организмот, а се верува дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта.[4], а исто така ја подобрува и концентрацијата [1]. Тиквичката содржи и значајни количини витамин Ц[3].
Галерија
- Млад плод на тиквичка во фаза на зреење на нива во село Таор, Македонија
- Млад плод на тиквичка во фаза создавање на з на нива во село Таор, Македонија
- Зрел плод на тиквичка на нива во село Таор, Македонија
- Млад плод од тиквичка
- Плод на тиквичка
Поврзано
Полнети тиквички
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads