Титанобоа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Титанобоа (науч. Titanoboa = „титански удав“) — род змии од семејството удави, кои живееле пред околу 60 до 58 милиони години, во периодот палеоцен.[1] Единствениот познат вид од овој род е серехонската титанобоа (Titanoboa cerrejonensis), која претставува најголемата досега откриена змија.[1] Споредувајќи ги големината и обликот на фосилизираните пршлени на оваа прастара змија со пршлените на денешните змии. Била долга од 12 до 15 метри, а тежела над еден тон (~1.135 кг).
Фосилите на 28 единки се пронајдени во 2009 во јагленокопот Серехон во северна Колумбија.[1][2] Пред ова откритие, во топските предели на Јужна Америка биле пронајдени само мал број на фосилизирани ’рбетници од палеоценот.[3]
Змијата била откриена во експедиција на група меѓународни научници преводена од Џонатан Блох, специјалист по ’рбетничка палеонтологија при Универзитетот на Флорида, и Карлос Хатамиљо, палеоботаничар од Смитсоновиот тропски истражувачи институт во Панама.[4]
Remove ads
Поврзано
- Leptotyphlops carlae — најмалата змија на светот
- Python reticulatus — најдолгата змија на светот
- Eunectes murinus — веројатно најтешката змија на светот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads