Тодорич

поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тодоричmap
Remove ads

Тодорич или Тодорци (грчки: Θεοδωρίτσι, Теодорици) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Македонци и Турци.[1]

Кратки факти Тодорич Θεοδωρίτσι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало на јужните падини на Беласица. Лежело источно од Горно Порој, над селото Џума Маала, на реката Месала.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Тодорич било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Според Стефан Верковиќ во 1872 г. сопственикот (спахија) на селото Бекир-бег од Валовишта долго ги измачувал сите немуслимани во врска со неосновани сомнежи за убиството на еден муслиман.[2]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тодоруч (Todorutch) било село со 63 домаќинства на 100 жители муслимани и 70 Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Тодорич, на 12 час од Липош; местено е исто во подножјето на Беласица. Селаните се занимаваат со истиот занает како во горното село.[5] Немаат ни црква, ни училиште. 30 турски куќи и 10 македонски.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Тодорич броело 180 жители Македонци христијани и 220 турци.[3][8]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Todoritch) живееле 200 Македонци, сите под Егзархијата.[3][9] Во 1906 г. селото имало 40 куќи.[10]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 366 жители, но во 1920 г. имало само 64 лица, веројатно бидејќи настрадало во Првата светска војна.[1] Во 1924 г. Турците се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а Македонците под притисок на власта се иселиле во Бугарија.[1] На нивно место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Тодорич е претставено како наполно дојденско село со 112 жители (28 семејства).[11]

На пописот во 1940 г. населението речиси се удвоило со 233 жители. Бугарската статистика од 1941 г. го бележи со 176 лица.[1] За време на Граѓанската војна населението е повлечено во полските села, а по војната на селаните не им било дозволено да се вратат во Тодорич. За нив власта изградила сосем ново село малку северно од Џума Маала, наречено Неохори (во превод Ново Село), каде воедно биле сместени и жителите на соседното село Липош.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads